Јулијана Величковска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јулијана Величковска
Remove ads

Јулијана Величковска (р. 1982 година во Скопје) — македонска поетеса, писателка, преведувачка и уредничка.

Кратки факти Родена, Занимање ...
Remove ads

Животопис

Величковска дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е членка на организацискиот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Членка е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Соосновач е на Скопскиот поетски фестивал. Членка е на европската поетска мрежа „Версополис“. Учествувала на бројни поетски читања низ Македонија и Европа.

Remove ads

Библиографија

  • Монографија - „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, Поетска ноќ во Велестово)
  • Поетска збирка - „Комарци“ (2010, Поетска ноќ во Велестово)
  • Роман - „Годишни времиња“ (2014, ПНВ Публикации)
  • Поетска збирка - „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации)
  • Книга за деца - „Ведра“ (2022, 2023 - второ издание, ПНВ Публикации)
  • Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[1]
  • Заедно со Славе Ѓорѓо Димоски е приредувачка на „Самодиви: панорамата на поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ (2023, Поетска ноќ во Велестово)
  • Поетска збирка - „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) со која ја освојува наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија, како и во две антологии на куси раскази, објавени во Македонија.

Преводи и препеви

Јулијана Величковска има преведено 37 книги од англиски, хрватски, српски, црногорски и руски јазик. Нејзините песни се препеани и објавени на дваесет светски јазици. Нејзин избор песни во превод на англиски јазик под насловот „Очекувам лавови“ (“Expecting Lions”) наскоро ќе излезе од печат во издание на „Три Спајр Прес“ (Three Spire Press), од Корк, Ирска. Нејзината книга за деца „Ведра“ е преведена на азербејџански (МДизајн, 2025), избор песни под насловот „Кутија на стравот“ исто така беше преведен на азербејџански јазик (Зардаби, 2024). Нејзиниот роман „Годишни времиња“ е преведен на бугарски јазик (Ерго, 2017).

Remove ads

Награди

  • 2023 - за книгата за деца „Ведра“, награда за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на Меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“[2]
  • 2025 - Награда „Браќа Миладиновци“ за збирката „Рајсфершлус“[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads