Љубовишта (Пиринско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љубовишта — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Љубовишта се наоѓа на 29 километри југоисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 507 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6475 км2.
Историја
Османлиско Царство
Според академикот Иван Дуриданов етимологијата на името Љубовишта доаѓа од -ишти од личното име Љубо.[1]
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовица (Libovitsa) било село со 22 семејства и 70 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители, од кои 50 Турци и 200 Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 македонски патријаршисти, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][5].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население[2][6]
![]() |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads