Љупчо Балкоски

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Љупчо Балкоски (роден на 17 јануари 1966 година во Струга) — македонски политичар.

Кратки факти Љупчо Балкоски, Пратеник во Собрание на Република Македонија ...
Remove ads

Животопис

Љупчо Балкоски е роден на 17 јануари 1966 година во Струга. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Во периодот од 1992 до 1999 година бил вработен во градежното претпријатие „БАЛКО Инженеринг“. Во периодот од 1999 до 2000 година ја извршувал функцијата Главен републички инспектор за урбанизам и градежништво при Министерство за транспорт и врски.[2]

Во периодот од 28 јули 2000 година до 1 ноември 2002 година ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори во 2002 година, Љупчо Балкоски станал пратеник. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и член на ИК на ВМРО-НП по нејзиното основање, во периодот од 2004 до 2010 година, додека денеска е Генерален секретар на ВМРО-НП. Во период од 2020 до 2024 година, бил пратеник во Собрание на Република Македонија, од страна на ВМРО-НП.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads