Џамала

украинска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Џамала
Remove ads

Сузана Алимивна Џамаладинова (кримскотурски: Susana Alim qızı Camaladinova; украински: Суса́на Алі́мівна Джамаладі́нова; руски: Суса́на Али́мовна Джамалади́нова, romanized: Susana Alimovna Dzhamaladinova, букв.'sʊˈsanə ɐˈlʲiməvnə dʐəməlɐˈdʲinəvə', родена на 27 август 1983 година), подобро позната под името Џамала (кримскотурски: Camala, украински: Джама́ла; руски: Джама́ла, romanized: Dzhamala, букв.'dʐɐˈmalə') — украинска пејачка и глумица. Таа ја претставувала Украина и победила за време на Евровизија 2016 со песната "1944".

Кратки факти Џамала, Основни податоци ...
Remove ads

Ран живот

Сузана Џамаладинова е родена во Ош, Киргиска Советска Социјалистичка Република, на кримскотатарски татко и ерменска мајка.[1][2][3][4][5][6] Нејзините кримскотатарски предци биле насилно раселени од Крим во централната азиска република по наредба на Јосиф Сталин за време на Втората светска војна, иако нејзините роднини се бореле на советската страна.[7] Во 1989 година нејзиното семејство се врати во Крим.[8] Нејзините предци од мајчината страна биле Ерменци од Нагорно-Карабах.[9] Тие биле кулаци сè додека земјиштето на нејзиниот прадедо не беше запленето и тој беше протеран во Ош каде што тој го променил своето ерменско име за да звучи руско.[8]

Џамала го зборува рускиот јазик како мајчин и таа исто така има одлично познавање на англискиот јазик кој го научила како адолесцент. Иако таа напишала неколку песни на кримскотатарски, таа нема одлично познавање на јазикот.[10]

Нејзините родители биле разведени околу четири години за нејзината мајка да може да купе куќа во Крим за семејство под нејзиното моминско име.[8] За време на овој период, советските власти не дозволувале етнички Кримски Татари, како нејзиниот татко, да купуваат имот во Крим.[8]

Remove ads

Кариера

2010-15: Рано творештво

Џамала била љубител на музиката од нејзиното рано детство. Таа за првпат професионално снимала музика на возраст од девет, пеејќи 12 народни и детски кримскотатарски песни. Таа студирала на музичкиот колеџ Симферпол[11] и подоцна дипломирала од Националната музичка академија на Украина како оперски пејач, но претпочитала кариера во поп-музиката.[12]

Thumb
Џамала давајќи автобиографија за обожавател на црвениот тепих на третиот годишен филмски фестивал на Одеса на 13 јули 2012 година.

На 14 февруари 2010 година, таа го објави нејзиниот прв сингл "You Are Made of Love" од нејзиниот деби студиски албум For Every Heart. Таа го објави "It's Me, Jamala" како втор сингл на 18 октомври 2010 година. На 23 ноември 2010 година, таа го објави синглот "Насмевка" како трет сингл од албумот. На почетокот од 2011 година, таа зема учество во Евровизија со песната "Насмевка". Песната беше омилена на публиката и Џамала успеа да добие место во финалето на натпреварот. Сепак, таа подоцна одлучи да се повлече од натпреварот. На 12 април 2011 година, таа го објави нејзиниот деби студиски албум For Every Heart преку Moon Records Ukraine. На 8 ноември 2012 година, таа го објави "Јас те сакам тебе" (руски: «Я Люблю́ Тебя́») како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум All or Nothing.

Таа го објави "Hurt" како втор сингл, а "Кактус" (украински: «Ка́ктус») беше објавен на 6 март 2013 година како трет и последен сингл од албумот. Таа го објави All or Nothing на 19 март 2013 преку Moon Records Ukraine. На 25 септември 2014 година таа го објави синглот "Збунета" (украински: «Заплу́талась») како водечки сингл од нејзиниот деби EP Thank You кој беше објавен на 1 октомври 2014 година преку Enjoy Records. На 26 март 2015 година, "Очима" беше објавен како водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум. "Патот до дома" (украински: «Шлях додо́му») беше објавен како втор сингл на 18 мај 2015 година. На 15 јуни 2015 година, "Здив" (украински: «По́дих»), беше објавен како трет сингл. Таа го објави нејзиниот албум Здив на 12 октомври 2015 година преку Enjoy Records.

2016 година: Пробив

Thumb
Џамала за време на Евровизија во 2016 година.

Џамала успешно ја претстави Украина за време на Евровизија 2016 година со песната "1944".[13] Во песната таа пее за присилната депортација на кримските татари во 1944 година и особено за нејзината прабаба, која ја загубила својата ќерка додека била депортирана до Средна Азија.[11][14][15] Џамала ја напишала песната во 2014 година.[12] Во второто полуфинале од натпреварот, Џамала заврши на 14-то место и беше една од десетте учесници кои биле квалификувани за големото финале. Беше објавено подоцна дека таа заврши на второ место, добивајќи 287 бода и дополнително освојувајќи 152 бода.[16] На 14 мај 2016 година, Џамала победи на натпреварот со 534 бода.[17] Песната на Џамала била сметана од страна на руските медиуми и пратеници за критика на руската анексија на Крим во 2014 година и "постојаната војна меѓу Русија и Украина" во Донбас.[18][19] Поради оваа причина беше најавено дека никои други знамиња освен официјалното знаме на земјата-учесник нема да бидат дозволени во арената за време на Евровизија. Ова вклучувало забрана за знамиња како кримскотатарското знаме да бидат во публиката и само украински знамиња биле дозволени за нејзините кримскотатарски поддржувачи.

По нејзината победа на Евровизија, таа беше наградена со титулата Народен уметник на Украина од страна на украинскиот претседател Петро Порошенко.[20]

На 17 мај 2016 година, Порошенко објави дека украинското министерство за надворешни работи ќе ја номинира Џамала за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.[21]

Remove ads

Личен живот

На 26 април 2017 година, Џамала стапила во брак со Бекир Сулејманов.[22][23] Нивната врска стана позната во септември 2016 година, кога таа се појави со него на Менхетенскиот филмски фестивал.[22] Двојката се венча во Исламскиот културен центар на Киев користејќи ја традиционални свадбена церемонија Никах.[22] Сулејманов неодамна дипломирал од одделот за физика и математика на Киевскиот универзитет и е активист за муслиманската[24] кримска татарска заедница.[22]

Во ноември 2017, Џамала објави дека таа и Сулејманов го очекуваат нивното прво дете заедно.[25] На 27 март 2018 година беше роден нивниот син Емир-Рахман Сејт-Бекир огли Сулејманов.[26]

Дискографија

Thumb
Џамала на печат од Украина од 2017 година.

Студиски албуми

Повеќе информации Име, Детали ...

EP-и

Повеќе информации Title, Details ...

Концертни албуми

Повеќе информации Име, Детали ...

Синглови

Повеќе информации Име, Година ...
Remove ads

Филмографија

Повеќе информации Година, Песна ...
Повеќе информации Година, Име ...
Повеќе информации Година, Име ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads