Симферопол

град на Крим From Wikipedia, the free encyclopedia

Симферополmap
Remove ads

Симферопол (украински: Сімферо́поль; руски: Симферо́поль; кримскотатарски: Aqmescit) — главен град на Република Крим, Русија. Како таков, Симферопол е важен политички, стопански и сообраќаен центар на полуостровот. Населението брои 362.366 жители (2013). Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[2]

Кратки факти Симферопол СимферопольСімферопoльAqmescit, Земја ...
Thumb
Симферопол во 1856 г.

Градот е населен многу долго време. На ова место постоел древен скитски град, наречен Скитски Неапол. Подоцна прераснува во кримскотатарскиот град Акмесџит. Со припојувањето на Кримското ханство кон Руската Империја во XVIII век, град го добива името Симферопол.

Remove ads

Потекло на името

Името доаѓа од старогрчкиот поим Симферополис (старогрчки: Συμφερούπολις), со значење „град на општото добро“. Кримскотатарското име Aqmescit (Акмеџит) значи „бела џамија“.

Историја

Претсловенско време

Според археолошките наоди од пештерата Чокурча, подрачјето на градот било населено уште од најстари времиња. Во него подоцна се наоѓал Скитски Неапол — древната престолнина на кримските Скити кои живееле на оваа територија од III век п.н.е. до IV век н.е.[3]

Подоцна на ова место Кримските Татари до основале градот Акмеџит, чие име значи „бела џамија“.

Руска Империја и Граѓанска војна

Во 1784 г. градот го добива името Симферопол, откако царицата Катерина Велика го прогласила Кримското ханство за дел од Русија. Називот е изведен од старогрчкото име „Симферополис“ (Συμφερούπολις), што значи „град на полезноста“[4] Во 1802 г. градот станал административен центар на Тавриската губернија. За време на Кримската војна, во градот биле сместени резервисти на руската војска и воена болница. По војната, во околината на градот се погребани преку 30.000 загинати руски војници.

Во XX век, Симферопол повторно настрадал од војните и судирите во регионот. Кон крајот на Руската граѓанска војна, во него бил сместен главниот штаб на генералот Петар Врангел — заповедник на Белата армија. На 13 ноември 1920 г, Црвената армија го зазела градот, а на 18 октомври 1921 г, Симферопол станал главен град на Кримската Автономна Советска Социјалистичка Република.

Втора светска војна

Thumb
Огнофрлачки тенк „ОТ-34“ како споменик за борбата во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, подрачјето било под окупација на Германија. За време на окупацијата (1941-44), германските единици погубиле околу 22.000 жители — претежно Евреи, Руси, Кримчаци и Роми.[5]

Во април 1944 г, Црвената армија го ослободила Симферопол, а на 18 мај истата година сите Кримски Татари во градот и на целиот полуостров се насилно протерани во Средна Азија како збирна казна. На 26 април 1954 г, Руската СФСР ѝ го предала градот и целата Кримска област на Украинската ССР по иницијатива на Никита Хрушчов.

По независноста

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 г, Симферопол станал главен град на Автономната Република Крим во рамките на независна Украина. Денес најголем дел од населението го сочинуваат Руси, а останатите се Украинци и Кримски Татари.

Откако добиле дозвола за враќање на Крим во 1990-тите, Кримските Татари основале повеќе градски населби поради оа што се вратиле во многу поголем број отколку што биле пред истерувањето. Во последно време татарите бараат да си ги повратат имотите одземени со нивното протерување.[6]

Враќање во Русија

По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Симферопол станува преоѓа во состав на Русија, како главен град на новосоздадената Република Крим.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Пешачка зона во центарот на Симферопол

Местоположба

Симферопол е сместен во јужно-средишниот дел на полуостровот Крим. Низ него тече реката Салгир, а недалеку од градот се наоѓа вештачкото Симферополско Езеро, кое служи за водоснабдување на градот.

Клима

Градот се одликува со влажна суптропска или океанска клима (зависно од варијантата на Кепеновата класификација),[7] граничејќи се со влажна континентална клима. Летата се мошне топли, со забележлива влажност, а за зимите се студени, со чести врнежи од дожд и снег. Просечната температура во јануари изнесува 0,2 °C, а истата во јули изнесува 22,3 °C. Во годината има просечно 514 мм врнежи од дожд и вкупно 2.471 сончев час.

Управување и административна поделба

Thumb
Тролејбус од превозникот „Кримски тролејбус“ од Симферопол за Јалта.

Како главен град на АР Крим, во Симферопол се сместени управните установи на републиката како Врховната рада (парламент) и Советот на министри. Градот е административен центар на Симферополскиот реон, но самиот е во непосредна надлежност на кримската влада.

Градот административно се дели на три реони (Железнички, Централен и Киевски), четири приградски населби (Аграрне, Аерофлотски, Гресовски, Комсомолско) и едно село (Битумно).[8] Градоначалник на Симферопол е Виктор Агеев од Партијата на регионите.[1]

Remove ads

Превоз

Симферопол го посетуваат повеќе милиони туристи годишно преку главната железничка станица и Меѓународниот аеродром Симферопол, изграден во 1936 г.[9]

Во градот има и неколку поголеми автобуски станици со линии кон разни градови како Севастопол, Керч, Јалта и Евпаторија. Со тролејбускиот сообраќај стопанисува претпријатието „Кримски тролејбус“, поврзувајќи го Симферопол со Јалта долж крајбрежјето на Црното Море. Ова е најдолгата тролејбуска линија на светот, долга цели 86 км.[10]

Remove ads

Демографија

Според Сеукраинскиот попис од 2001 г, населението на Симферопол брои 363.600 жители, од кои 66,7% се Руси, 21,3% се Украинци, 7% се Кримски Татари, а 1,1% се Белоруси.[11]

Стопанство

Градот има извесни индустриски капацитети, од кои најголем е електромашинскиот завод „Фиолент“ кој произведува морепловни контролни системи, прецизни електрични микромашини и електричен алат за градежништвото и домот.

Образование

Во Симферопол се сместени најголемите образовни установи на Крим, од кои како најголеми се издвојуваат Таврискиот национален универзитет „В.И. Вернадски“[12] и Кримскиот државен медицински универзитет „С.И. Георгиевски“ — една од најуважените здравствени образовни установи во државата.

Истакнатиот македонски деец Димитрија Чуповски ја посетувал Духовната богословија во Симферопол во последните години од XIX век.

Remove ads

Спорт

Најпознат спортски клуб во градот е ФК „Таврија Симферопол“ — првиот првак во историјата на Украинската Премиер лига и освојувач на Украинскиот куп во 2010 г.

Збратимени градови

Симферопол е збратимен со:

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads