Џеда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џеда или Џида (арапски: جدّة, Jidda; турски: Cidde) — град во Саудиска Арабија на бреговите на Црвеното Море. Градот е еден од главните урбани центри во државата и најголем град во покраината Мека. Покрај тоа, Џеда е најголемо пристаниште на Црвеното Море и втор најголем град во Саудиска Арабија, веднаш зад главниот град Ријад. Според проценките за 2010, градот имал околу 3.2 милиони жители и претставува еден од главните трговски центри на државата. Џеда е главна порта за Мека, најсветиот град во исламскиот свет, и Медина, исто така свет исламски град.
Џеда е еден од најкосмополитските, најразновидните и најтолерантните градови во Саудиска Арабија, кој е дом на голем број доселеници од целиот свет. Економски, Џеда е фокусирана на понатомошно развивање на инвестициите во научните и енергетските капацитет во Саудиска Арабија и во Средниот Исток.[2] Регионално, Џеда е главен центар за пошироката средина.
Remove ads
Потекло на поимот
Денес постојат најмалку две толкувања за потеклото и значењето на името Џеда, според Џеда Ибн Хелван а Кудаиј, шефот на кланот Куда. Според најпопуларното толкување, името на градот потекнува од арапскиот збор جده Jaddah што значи „баба“. Според источните верувања, гробот на Ева се смета дека се наоѓа во Џеда.[3] Гробот бил запечатен од религиските власти во 1975 година бидејќи некои луѓе се молеле во него.
Remove ads
Збратимени градови
Џеда е збратимена со 25 градови:
Адана, Турција
Тунис, Тунис
Александрија, Египет
Алма-Ата, Казахстан
Аман, Јордан
Тебриз, Иран
Баку, Азербејџан
Каиро, Египет
Казабланка, Мароко
Дубаи, ОАЕ
Истанбул, Турција[4]
Џакарта, Индонезија
Џохор Бахру, Малезија
Кучинг, Малезија
Карачи, Пакистан
Казан, Русија
Марбела, Шпанија
Мари, Туркменистан
Одеса, Украина
Ош, Киргистан
Пловдив, Бугарија
Шимоносеки, Јапонија
Санкт Петербург, Русија
Стразбур, Франција
Штутгарт, Германија
Тајпеј, Република Кина[5]
Сијан, НР Кина
Оран, Алжир
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads