Јаков I (Англија)

крал на Англија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јаков I (Англија)
Remove ads

Јаков I или Џејмс I (англиски: James I and VI; 19 јуни 1566 27 март 1625 ) — крал на Англија, првиот владетел од Стјуарди (1603-1625), кој ја заменил веќе изумрената династија Тјудори. Со Шкотска владеел како Јаков VI Отворено го поддржувал апсолутизмот, тврдејќи дека кралот треба да владее без ограничувања од страна на парламентот, црквата, да донесува закони и да суди според своја волја. Тој се обидел да владее според овие принципи во земјата каде што во парламентот имал долга историја и голем углед, и каде што кралот не можел да наметнува даноци без одобрение од парламентот. Бил оженет со данската принцеза Ана.

Кратки факти Крал на Шкотска, На престол ...

Во прилог на антагонизам на монархот и парламентот, Англија во тоа време била разрешена во споровите во врска со верските прашања. Англиканската црква, иако не ги задоволувала католиците, па дури и поддржувачите на реформацијата, сепак го задржала старото учење и црковната организација. Затоа покренал иницијатива за превод на Библијата наречен „Библија на кралот Јаков“ (King James Version) на исправославните библии, која денес е официјална во англиканството. Поддржувачите на реформацијата кои биле силни во Шкотска, која имала заеднички крал со Англија, се нарекувале пуританци, неконформисти и презвитеријанци. Кралот сакал да наметне единство во црквата затоа што ги прогонувал пуританците, од кои многу ја напуштиле земјата и побарале прибежиште ви новосоздадените колонии во Северна Америка.

Remove ads

Надворешни врски

Претходник
Елизабета I
Крал на Англија
1603-1625
Наследник
Чарлс I
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads