1566
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1566 (MDLXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1566 година од новата ера, 566. од вториот милениум, 66. од XVI век и седма од 1560-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7074 и 7075 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6316 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5326 и 5327 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2319.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1566 година се протега во 4202 и 4203, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4262 и 4263 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2109. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 973 и 974 исламска година.
Remove ads
Настани
- Јаков од Камена Река се јавува како првиот македонски печатар.
- За времето на султан Селим II, јаничарите добиле право да се женат.
- 7 јануари - Папа Пиј V станал римски папа. Тој е светец во Римокатоличката црква.
Родени
- 8 март - Карло Џезуалдо, италијански композитор.
- 26 мај - Мехмет III, тринаесеттиот султан на Отоманското Царство, познат по тоа што ги погубил сите свои 19 браќа, како и по тоа што ги загубил Молдавија, Трансилванија и Влашка.
Починале
- 2 јули - Нострадамус, француски аптекар и почитуван јасновидец.
- 5 септември - Сулејман Величествениот, десеттиот султан за чие владеење Отоманското Царство станала најголема светска сила.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads