Џинџос
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џинџос (грчки: Σιτοχώρι, Ситохори; до 1928 г. Τζίντζος, Ѕинѕос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населено е со погрчени Власи, наречени Карагуни, во изворите често нарекувани Грци.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, југоисточно од Нигрита.
Историја
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чинчос (Tchintchos) било село со 108 домаќинства на 320 „Грци“.[3]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џинџос:
„ | Џинџос: христијанско село; 1 црква, 8 часа и половина од градот.[4] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Џинџос, 1 час на ЈЗ од Тахинос; 6 часа од Сер. Жителите имаат исто занимање како во Тахинос. Патот е рамен и прав. 90 куќи Карагуни. Грчка црква.[5] | “ |
На почетокот на XX век Џинџос било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в селото има 660 жители гърци.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џинџос (Ginjos) Живееле 600 „Грци“ и работело грчко училиште.[7]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година имало само 63 жители, но во 1920 г. во него се заведени 854 лица.[8] Според Тодор Симовски, во 1924 г. во Џинџос биле сместени 26 грчки дојденци.[8] Во 1928 г. селото е е преименувано во Ситохори.[9] Истата година во селото се попишани 1.114 жители.[8]
Населението се одржало стабилно сè до 1960-тите кога почнало забележително иселување во поголемите градови.[8]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1762 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads