Визалтија (општина)

општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Визалтија (општина)
Remove ads

Визалтија (грчки: Δήμος Βισαλτίας, Димос Визалтијас) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Нигрита. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за Нигритско (Нигридско).

Повеќе информации Општина Визалтија Δήμος Βισαλτίας, Карта на општина Визалтија ...

Општината е наречена по некогашната долномакедонска област Визалтија (Бисалтија), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Оваа област ја опфаќала територијата помеѓу реката Струма и Тахинското Езеро на исток и Крестонија на запад.

Remove ads

Населени места

Општината Визалтија е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Визалтија, Нигрита, Тахино (Ахинос) и Черкезќој (Трагилос).

Општинска единица Визалтија

Thumb
Поранешната општина Визалтија на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Визалтија со седиште во Димитрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Димитрич
  • Општински оддел Авдамал
  • село Авдамал (или Авдаман; Σησαμία, Сисамија)
  • Општински оддел Копач
  • село Копач (или Копачи, Копач Маала; Βέργη, Верги)
  • Општински оддел Макеш
  • село Макеш (Άμπελοι, Амбели)
  • Општински оддел Махмутли
  • село Махмутли (или Махмуџи, Τριανταφυλλιά, Триандафилија)
  • Општински оддел Мерјан
  • Општински оддел Нигослав
  • Општински оддел Суха Бања
  • село Суха Бања (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; претходно Ξυλότρος, Ксилотрос)

Општинска единица Нигрита

Thumb
Поранешната општина Нигрита на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Нигрита ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Нигрита
  • Општински оддел Бајрактар
  • село Бајрактар (или Бајрактар Маала; Φλάμπουρο, Фламбуро)
  • Општински оддел Л’џа
  • Општински оддел Фиток
  • Општински оддел Черпишта

Општинска единица Тахино

Thumb
Поранешната општина Тахино на картата на некогашниот округ Сер.
Thumb
Кавак

Општинската единица Тахино со седиште во Џинџос (Ситохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Џинџос
  • Општински оддел Ежово
  • Општински оддел Жервохор
  • Општински оддел Кавак
  • село Кавак (Λευκότοπος, Левкотопос)
  • Општински оддел Патрик
  • Општински оддел Тахино
  • Општински оддел Хункос
  • село Хункос (или Хумкос; Χουμνικό, Хумнико)
  • село Сајта (Λαγκάδι, Ланкади)

Општинска единица Черкезќој

Thumb
Поранешната општина Черкезќој на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Черкезќој со седиште во Мунух (Мавроталаса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Мунух
  • село Мунух (Μαυροθάλασσα, Мавроталаса)
  • Општински оддел Гајдарохор
  • село Гајдарохор (Αηδονοχώρι, Ајдонохори)
  • Општински оддел Ниверо
  • Општински оддел Кучос
  • село Кучос (Ευκαρπία, Евкарпија)
  • Општински оддел Омур Беј
  • село Омур Беј (или Умур Беј; Καστανοχώρι, Кастанохори)
  • Општински оддел Стара Бања
  • село Стара Бања (или Палиотрос; Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос)
  • Општински оддел Черкезќој
  • село Черкезќој (или Черкез Маала; Τράγιλος, Трагилос)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads