Џовани Висконти (велосипедист)

италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Џовани Висконти (велосипедист)
Remove ads

Џовани Висконти (италијански: Giovanni Visconti; р. 13 јануари 1983 во Торино) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Вини Забу.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Професионална кариера

Рана кариера

Thumb
Висконти во националнио дрес на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2008

Роден во Торино, Висконти ја освоил својата прва трка во 2006 година на Копа Сабатини. Една година подоцна, го освоил националното друмско првенство на 1 јули 2007 година, победувајќи го Паоло Босони (Лампре-Фондитал) и Давиде Ребелин (Геролштајнер) на крајот во спринт. На 12 километри пред целта, Ребелин го направил неговиот напад. Висконти, Босони и Кристијан Муро (Тенакс-Меникини) се приклучиле кон него. Четворицата успеале да се одржат пред групата до последните метри.

Јас сум над месечината,“ изјавил Висконти, „мислев за оваа трка веќе долго време. Тимската работа беше совршена и Бетини ми помогна многу да останам мирен и да се насочен за крајот. Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Победив кога бев млад, но ништо не се споредува со овој прекрасен ден!“ Тоа било втора победа за него по таа на Копа Сабатини 2006.

Во 2010, Висконти победил во генералниот пласман на Трката околу Турција откако освоил две етапи на трката. Се искачил на подиумот со Тиџеј ван Гардерен од Тим ХТЦ-Колумбија и Давид Монкутје од Кофидис. Возејќи за самиот себе за ИСД-НЕРИ, изјавил по победата: „Погледнете на екипите кои ги победивме: ХТЦ-Колумбија и Кофидис, не е лошо за екипа како нашата, нели?“[1]

Мовистар (2012–2016)

Во април 2012, возејќи за Мовистар Тим, Висконти ја освоил својата прва победа во сезоната на Класика Примавера, во спринт победувајќи го неговиот колега Алехандро Валверде и возачот на Еускалтел-Еускади Игор Антон. Четворица возачи на Мовистар Тим завршиле на првите пет места.[2] Во мај, Висконти морал да се повлече од Џиро д’Италија во текот на 15. етапа поради неправилно дишење. Му било соопштено дека тоа биле симптоми на напад на паника.[3] Се вратил со возење и постигнал победа на Сиркуто де Гечо, каде неговите вештини се покажеле на последното искачување, каде го поминал Данило ди Лука.[4] Возел на Трката околу Бургос и завршил седми благодарение на постојаните пласмани, особено на кралската етапа, каде завршил осми.[5] Во декември, била објавено од италијанскиот олимписки комитет, дека Висконти бил суспендиран на три месеци и морал да плати 10.000 евра казна откако работел со докторот Микеле Ферари, кој бил доживотно казнет за допинг. Висконти негирал дека Ферари некогаш го снабдувал со допинг производи. Суспензијата започнала ретроактивно на 10 октомври.[6]

Во 2015 година, Висконти ја освоил маичката за најдобар искачувач на Џиро д’Италија, благодарение на нападите во завршните етапи на трката. Освојувањето на сината маичка го означил како „утеха“ бидејќи напаѓал за етапни победи, но не успевал да го оствари тоа.[7] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања, кој му бил прв настап на шпанската голема трка.[8]

Remove ads

Достигнувања

2003
1. Национален друмски првак под 23 години
1. ГП Инда-Трофео Арас Фратини
1. Трофео Џ. Бјанкин
1. ГП Крањ
2004
1. ГП Крањ
Џиро деле Региони
1. Етапа 2
1. Етапа 4б
1. Тур дес Фландрес Еспоарс
2. Ментон-Савона
2005
3. Фиренца-Пистоја
2006
1. Копа Сабатини
2. Трофео Мелинда
2. ГП Индустрија & Комерсио ди Прато
2007
1. Национален друмски првак
1. Етапа 2a Трка Бриксија
1. Копа Сабатини
3. Фиренца-Пистоја
2008
1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
1. ГП де Фурмие
2. ГП де Валони
2. Меморијал Чимури
2. Јапонски куп
4. Џиро ди Ломбардија
2009
1. Европска турнеја на UCI
1. Етапа 2 Трка околу Словенија
1. Копа Агостини
1. Трофео Мелинда
1. Гран Премио Индустрија е Комерсио ди Прато
2. Гран Премио Бруно Бегели
2. Копа Сабатини
2. Меморијал Марко Пантани
3. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
5. Краен пласман Сетимана интернационален ди Копи е Бартали
1. Етапа 1b (ТТТ)
2010
1. Европска турнеја на UCI
1. Национален друмски првак
1. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
1. Класика Сарда Олбија-Пантоџа
2. Краен пласман Трка околу Словенија
2. Гран Премио Чита ди Камаиоре
3. Трофео Мелинда
3. Џиро дела Ромања
2011
1. Европска турнеја на UCI
1. Национално друмско првенство
1. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
1. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
1. Етапа 4 Сетимана Сиклистика Ломбарда
2. Краен пласман Џиро ди Паданија
2. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. ГП Кантон Аргау
3. ГП ди Лугано
3. Краен пласман Трка околу Оман
3. Гран Премио Бруно Бегели
3. Копа Берноки
4. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
2012
1. Класика Примавера
1. Сиркуто де Гечо
3. Меморијал Марко Пантани
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
Џиро д’Италија
1. Етапа 15
1. Етапа 17
7. Рома Максима
9. Гран Премио Нобили Рубинетери
2014
9. Класика де Сан Себастијан
2015
2. Меморијал Марко Пантани
6. Трофео Сера де Трамунтана
8. Милано-Торино
8. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
1. Планински пласман Џиро д’Италија
1. Екипен пласман Вуелта а Еспања
2016
1. Класика Примавера
3. Краен пласман Џиро ди Тоскана
1. Етапа 1
3. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
4. Копа Уго Агостони
5. Тре Вали Варезине
8. Краен пласман Тур ди От Вар
8. Амстел Голд Рејс
10. Трофео Поленка-Порт де Андрат
2017
1. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Трка околу Словенија
2. Краен пласман Џиро ди Тоскана
9. Краен пласман Трка околу Оман
2018
Трка околу Австрија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 8
2. Национално друмско првенство
2. Трофео Матеоти
4. Џиро ди Тоскана
5. Страде Бјанке
5. Гран Премио ди Лугано
6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
9. Тре Вали Варезине

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads