Џура

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Џураmap
Remove ads

Џура (Чора или Жура; грчки: Πρασινάδα, Прасинада)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Џура Πρασινάδα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Драма и на 18 километри северно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на падините на Родопите на надморска височина од 440 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 396 жители македонски муслимани[4][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Прасинада.[6]

Remove ads

Демографија

Според грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 373 луѓе.[7]

До 1928 година во селото биле населени 37 грчки семејства со 126 бегалци од Турција.[8] Во 1928 година селото броело 299 жители, додека во 1940 година селото броело 439 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 141 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 131 жител, во 1971 година имало 59 жители, во 1981 година имало 40 жители, додека во 1991 година имало 25 жители[9]. Денеска, населението на селото е 100 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads