Банту-јазици

From Wikipedia, the free encyclopedia

Банту-јазици
Remove ads

Банту-јазици — група јазици од семејството на нигер-конгоански јазици кои се одликуваат со аглутинативност[1]. Во групата влегуваат околу 250 јазици според критериумот на заемoразбирливост,[2] иако во многу случаи е тешко да се утврди кој е посебен јазик а кој е наречје (Ethnologue дава бројка од 535 јазици).[3] Географски, јазиците се застапени источно и јужно од денешен Камерун, т.е. во централна, источна и јужна Африка. Во овие подрачја има и јазици од други семејства (вид. карта).

Кратки факти Банту-јазици, Географска распространетост: ...

Според Ethnologue, неколку од најзастапени јазици во Африка припаѓаат на оваа група, вклучувајќи ги шона и зулу.[4] Од нив највеќе говорници има свахили - 80 милиони луѓе во осум земји (бројката секојдневно расте). Шона има 10,8 милиони говорници во Зимбабве. Потоа доаѓа зулу со 10,3 милиони.[5] Ethnologue ги наведува мањика и ндау како посебни јазици, но говорниците на шона ги сметаат за две од петте наречја на нивниот јазик. Ако кон шона ги вброиме и 3,4 милиони говорници на мањика и ндау, тогаш добиваме 14,2 милиони говорници на шона како прв јазик.

Се смета дека банту-јазиците водат потекло од подрачјето што го опфаќаат денешните држави Нигерија и Камерун.[6] Пред 2500–3000, години, говорниците на првобитниот „прабанту“ почнале да се раселуваат на исток и на југ - голема преселба што траела илјадници години. Со овие преселби, Банту-народите ја населиле потсахарска Африка и го распространиле земјоделскиот начин на живот.[6][7]

Поимот „банту“ значи луѓе, и како таков е застапен во јазиците што ги опфаќа групата. Заедничка одлика за овие јазици се зборовите како muntu или mutu (лице, човек), а множинската претставка за човечки именки што почнуваат на mu- (класа 1) во највеќето јазици е ba- (класа 2), па така се добива bantu (луѓе, народ).

Remove ads

Особености

Меѓу најистакнатите проучувачи на банту-јазиците е англискиот јазичар Малком Гатри, кој го има реконструирано фонемскиот инвентар и основниот лексикон на прабанту (предокот на овие јазици).

Најкарактеристична граматичка особина на банту-јазиците е обилната употреба на афикси. Така, сите зборови се распоредени по категории (луѓе, животни, предмети, растенија, итн.) и секоја категорија има посебна претставка.[8] Секоја именка припаѓа на одредена класа, и секој јазик има по неколку класи (нешто како родот кај европските јазици). Класата се познава по претставката што сочинува дел од именката, како и деловите за сложност на глаголот како и придавната (описната) основа поврзана со именката. Множината се образува со промена на класата, менувајќи ја претставката. Исто така, со претставката се означуваат еднината, множината и времето, додека наставките ги означуваат глаголските начини. Притоа, основната претставка се повторува во целиот синтаксички комплекс. На пример, „кити“ значи стол, додека „кити киле кимеангука“ значи: столот падна. Интересно е тоа што јазиците од групата банту многу брзо се збогатуваат. На пример, во племето Коса постои обичај, штом невестата влезе во новиот дом, повеќе не смее да ги употребува зборовите што почнуваат со првито слог на името на свекорот. На тој начин, таа е принудена да формира нови зборови, а некои од нив подоцна влегуваат во секојдневниот говор.[9]

Глаголот има разни претставки кои во европските јазици се засебни зборови.[10] На пример, на свахили Mtoto mdogo amekisoma, (шона: Kamwana kadoko kariverenga) значи 'Малото дете прочита [книга]'. Mtoto (дете) ја диктира придавната претставка m- и подметната претставка a-. Потоа доаѓа делот за свршено време -me- и прирочниот дел -ki- кој се слага со подразбраниот збор kitabu (книга). Во множина, со 'деца' добиваме Watoto wadogo wamekisoma (шона: Vana vadoko variverenga), а со 'книги' (vitabu) добиваме Watoto wadogo wamevisoma.

Зборовите најчесто се сочинети од отворени слогови од типот Сг-См (согласка-самогласка), т.е. повеќето јазици имаат само вакви слогови. Исклучок од ова е јазикот Бушонг.[11] Сливањето на завршниот слог (при говор) е често во јазикот Тонга во Малави.[12] Морфолошки, зборовите го имаат обликот Сг-См, См-Сг-См, Сг-См-Сг-См, См-Сг-См-Сг-См итн, т.е. било која комбинација на Сг-См, па така речиси сите зборови завршуваат со самогласка поради отвореноста на слоговите. Согласните групи се избегнуваат и при усвојување на позастапени заемки од англиски и други јазици. На пример, на њанџа (чичева): зборот „school“ (училиште) е усвоен како sukulu со вметнување (епентеза) на -u- и негово додавање на крајот на зборот. Меѓутоа, групирање на почетокот од зборот се забележува во јазици како шона (ндау)[13] и некои наречја на макуа.[14]

Remove ads

Позначајни банту-јазици

Ова е список на најважните банту-јазици во секоја земја.[15] Наведени се јазиците што сочинуваат барем 1% од говорниците и имаат барем 10% до говорниците на најзастапениот банту-јазик во земјата.

лингва франка

  • Свахили (кисвахили) (350 000; десетици милиони како втор јазик)

 Ангола

  • јужен мбунду (умбунду) (4 милиони )
  • северен мбунду (кимбунду) (3 милиони )
  • ошивамбо (500 000)
  • лувале (чилувале) (500 000)
  • чокве (чичокве) (500 000)

 Боцвана

  • цвана (сецвана) (1 милион)
  • каланга (икаланда) (150 000)

 Бурунди

 Замбија

  • бемба (3,3 милиони)
  • тонга (1 милион)
  • њанџа (чичева) (800 000)
  • лози (силози) (600 000)
  • лала-биса (600 000)
  • нсенга (550 000)
  • тумбука (читумбука) (500 000)
  • лунда (450 000)
  • њиха (400 000+)
  • мамбве (лунгу) (400 000)

 Зимбабве

  • шона (8,5 милиони вклуч. каранга, ззуру, каланга, корекоре, ндау, мањика)
  • ндебеле (2 милиони)
  • тонга
  • венда

 ДР Конго

  • лингала (нгала) (2 милиона; 7 милиони како втор јазик)
  • луба-касај (чилуба) (6,5 милиони)
  • китуба [креолски] (4,5 милиони)
  • конго (киконго) (3,5 милиони)
  • луба-катанга (килуба) (1,5+ милиони)
  • сонге (лусонге) (1+ милион)
  • нанде (орунданди) (1 милион)
  • тетела (отетела) (800 000)
  • јака (ијака) (700 000+)
  • ши (700 000)
  • јомбе (кијомбе) (670 000)

 Екваторска Гвинеја

  • бети (фанг) (300 000)
  • бубе (40 000)

 ЈАР

  • зулу (исизулу) (10 милиони)
  • коса (исикоса) (8 милиони)
  • сото (сесото) (4 милиони)
  • педи (сепеди) (4 милиони)
  • цвана (сецвана) (3,5 милиони)
  • цонга (шанган) (2 милиони)
  • свати (сисвати) (1 милион)
  • венда (чивенда) (1 милион)

 Камерун

  • бети (1,7 милиони: 900 000 булу, 600 000 евондо, 120 000 фанг, 60 000 етон, 30 000 бебели)
  • басански (230 000)
  • дуала (350 000)

 Кенија

  • гикују (7 милиони)
  • лухја (5,4 милиони)
  • камба (4 милиони)
  • меру (кимеру) (2,7 милиони)
  • гуси (2 милиони)

 Лесото

  • сото (сесото) (1,8 милиони)
  • зулу (исизулу) (300 000)

 Малави

  • њанџа (чичева) (7 милиони)
  • тумбука (1 милион)
  • јао (1 милион)

 Мозамбик

  • макуа (3 милиони; збирно 5,5 милиони)
  • цонга (шанган) (1,7 милиони)
  • ндау (1,6 милиони)
  • ломве (1,5 милиони)
  • сена (1,3 милиони)
  • цва (1,2 милиони)
  • чувабу (1 милион)
  • чопи (800 000)
  • ронга (700 000)
  • њанџа (чичева) (600 000)
  • јао (чијао) (500 000)
  • њунгве (400 000)
  • тонга (400 000)
  • маконде (400 000)

 Намибија

  • ошивамбо (амбо) (800 000, вклуч. квањама, ндонго, квамби)
  • хереро (200 000)

 Република Конго

  • китуба (1,2+ милиони) [креолски]
  • конго (киконго) (1 милион)
  • теке (500 000)
  • јомбе (350 000)
  • сунди (120 000)
  • мбоси (110 000)
  • лингала (100 000; ? како втор јазик)

 Руанда

 Есватини

 Танзанија

Државен јазик е свахили
  • сукума (5,5 милиони)
  • гого (1,5 милиони)
  • хаја (кихаја) (1,3 милиони)
  • чага (кичага) (1,2+ милиони : 600 000 мочи, 300 000+ мачаме, 300 000+ вунџо)
  • њамвези (1 милион)
  • маконде (1 милион)
  • ха (1 милион)
  • њаќуса (800 000)
  • хехе (800 000)
  • лугуру (700 000)
  • бена (600 000)
  • шамбала (650 000)
  • њатуру (600 000)

 Уганда

  • ганда (луганда) (7,5 милиони)
  • нкоре-кига (3,5 милиони : 2,3 милиони њанкоре, 1,2 милиони кига (чига))
  • сога (лусога) (2 милиони)
  • масаба (лумасаба) (1,1 милиони)
  • њоро-торо (1,1 милиони)
  • руанда (кињаруанда) (750 000)
  • конџо (600 000)
  • гвере (400 000)

 Централноафриканска Република

  • мбати (60 000)
Remove ads

Банту-зборови во македонскиот јазик

Еве некои зборови од разни банту-јазици што дошле во македонскиот преку поголемите европски јазици:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads