Административна поделба на Гренланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Административната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.[1] Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Североисточен гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп.

Remove ads

Општини

Актуелната административна поделба на Гренланд стапила на сила на 1 јануари 2018 година:

Thumb
Административна поделба на Гренланд од 1 јануари 2018 година.
Повеќе информации име, гренландски ...
Remove ads

Административна поделба до 2018

Thumb
Општините на Гренланд.
Повеќе информации име, гренландски ...

Историја

Thumb
Карта на поранешните окрузи на Гренланд.

Првата поделба на островот била меѓу данските колонии Северен Гренланд со седиште во Кекертарсуак и Јужен Гренланд со седиште во Нук. Ваквата поделба траела до 1940-те кога островот бил обединет и добил централна административна управа.

По доделувањето на статусот на рамноправна сојузна држава во рамките на Кралството Данска, државата била поделена на „поделби“ во 1951 година. Тие биле Источен Гренланд, Западен Гренланд и Северен Гренланд. Североисточниот национален парк бил создаден во 1974 година. По доделувањето на статусот на самостојна управа во 1979 година имињата на општините добиле гренландски имиња: Кита, Туну и Авана. Поделбата Кита имала 15 општини, Туну 2 и Авана 1 општина

Поранешни општини

Округ Авана

Округот имал 1 општина, општина Канак. Покрај општината, на територијата се наоѓала Воената база Туле и Североисточниот гренландски национален парк.

Округ Туну

На територијата на округот се наоѓале: општина Амасалик, општина Итокортормит и дел од сегашниот национален парк.

Округ Кита

На територијата на округот се наоѓале општините:

Јужен дел:

  • Општина Нанорталик
  • Општина Какорток
  • Општина Нарсак
  • Општина Ивитут
  • Општина Памиут

Средиштен дел:

  • Општина Нук
  • Општина Манитсок
  • Општина Сисимиут
  • Општина Кангатсијак
  • Општина Асијат
  • Општина Касигијангуит
  • Општина Илулисат
  • Општина Кекертарсуак

Северен дел:

  • Општина Уманак
  • Општина Упернавик

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads