Азербејџански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Азербејџански, или именуван како азерски, а понекогаш и како азерски турски[1][2] или само турски[3][4] — туркиски јазик кој е мајчин јазик на Азерите. Јазикот е службен во современата држава Азербејџан, како и во руската република Дагестан. Најголемиот број говорници на азербејџански се наоѓаат во Иран, но таму нема никаков службен стгатус. Покрај тоа, јазикот се зборува и меѓу азерската дијаспора во Грузија, Турција и останатите држави.
Азербејџанскиот е дел од групата на огуски јазици. Јазикот се дели на северноазербејџански (кој се зборува во Азербејџан и Русија) и јужноазербејџански (кој се зборува во Иран. Азербејџанскиот е многу сличен и сроден со турскиот, туркменскиот, кашкајскиот и кримскотатарскиот јазик. Овие јазици се меѓусебно разбирливи.[5]
Remove ads
Потекло на поимот
Азерите го именуваат јазикот како турки (Türki)[6] што во превод значи „турски“ или азербејџански турски (Azərbaycan Türkcəsi). Понекогаш од одреден круг на научници се користи терминот истанбулски турски за современиот јазик во Турција.
Во периодот од 1945/ 1946 година Азербејџанската Народна Влада која управувала со Ирански Азербејџан, азербејџанскиот јазик во Иран официјално го именувала како „турски “. Во 1992 и 1993 година, кога се основала современата држава Азербејџан, официјално јазикот го именувала како „турски “. Но по 1994 година властите почнале да го користат терминот „азербејџански јазик“, кој патем бил користен за време на СССР.
Remove ads
Гласовен систем
Самогласки
Шема на азербејџански самогласки:[7]
Согласки

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads