Затворена предна заоблена самогласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Затворената предна заоблена самогласка (или висока предна заоблена самогласка) е вид на самогласен глас во некои јазици. Симболот во меѓународната фонетска азбука (МФА) му е ⟨y⟩, а во X-SAMPA гласот се бележи со y. Во многу јазици самогласката се пишува како ⟨ü⟩ (на пр. германски, турски) или ⟨y⟩, но и како ⟨u⟩ (француски и некои други романски јазици); ⟨iu⟩/⟨yu⟩ (во романизацијата на разни азиски јазици); ⟨ű⟩ (во унгарскиот за долгата варијанта; кратката е ⟨ü⟩ како и во другите азбуки); ⟨уь⟩ (во кириличните азбуки како чеченската); или со ⟨ㅟ⟩ (во корејското писмо хангул).

Кратки факти Затворена предна заоблена самогласка, y ...

Кај највеќето јазици, оваа заоблена самогласка се изговара со стиснати усни („надворешнонуснено“ или „егзолабилајно“). Меѓутоа, постојат неколку случаи каде усните се издадени („внатреуснено“ или „ендолабијално“).

Remove ads

Предавање на македонски

На македонски, гласот се предава со буквата „и“ (на пр. герм. München = Минхен; фр. Gustave = Гистав).[1]

Затворена предна стисната самогласка

Особености

Кратки факти Табела на самогласки по МФА, Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена ...
  • Според висината, самогласката е затворена (висока), што значи дека јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според обликот на усните, самогласката е стисната, што значи дека рабовите на усните се затегнати и споени на начин што не ги исложува нивните внатрешни страни.
Remove ads

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Затворена предна издадена самогласка

Кратки факти Затворена предна издадена самогласка, y̫ ...

Неколку јазици, како скандинавските, имаат издадени предни самогласки. Од нив, шведскиот дури и прави разлика помеѓу двата вида на заоблување кај предните самогласки (see речиси затворена речиси предна заоблена самогласка.

МФА нема надредни знаци за разликување на издадено од стиснато заоблување, па затоа тука издадените предни самогласки се произволно обележани со стариот знак за лабијализација ⟨  ̫⟩. Друго можно претставување е со ⟨⟩ или ⟨⟩ (затворена предна самогласка изменета со ендолабијализација), но ова може погрешно да се сфати како дифтонг.

Особености

  • Според висината, самогласката е речиси затворена (речиси висока), што значи дека јазикот се става како за затворена согласка, но е нешто помалку напрегнат.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е речиси предна, што значи дека јазикот се става како за предна самогласка, но малку поназад во устата.
  • Според обликот на усните, самогласката е истакната, што значи дека усните се насобрани, изложувајќи ги нивната внатрешни страни.

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

  • Речиси предна издадени самогласка
  • Затворена самогласка од среден ред

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads