Затворена задна заоблена самогласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Затворената задна заоблена самогласка (висока задна заоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во многу јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨u⟩, а X-SAMPA користи u. Во македонскиот јазик, самогласката е претставена со буквата у.
Во највеќето јазици, самогласката е заоблена и се изговара со издадени усни („ендолабијално“), но постојат неколку случаи кајшто усните се стиснати („ексолабијално“).
Remove ads
Затворена задна издадена самогласка
Во највеќето јазици, затворените задни заоблени самогласки се изговараат со издадени усни.
Особености
- Според висината, самогласката е затворена (висока), што значи дека јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е задна, што значи дека јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е истакната, што значи дека усните се насобрани, изложувајќи ги нивната внатрешни страни.
Јазици
Remove ads
Затворена задна стисната самогласка
Некои јазици како јапонскиот ⓘ и шведскиот,[18] имаат затворена задна самогласка со карактеристичен вид на заоблување наречено стиснато (ексолабијално). Не постои јазик што во својот гласовен систем ја разликува оваа од со повообичаената издадена (ендолабијална) затворена задна согласка.
Стиснатоста во МФА нема свој дијакритички знак, но стиснатоста на устите може да се претстави со буквата ⟨β⟩ како ⟨ɯ͡β̞⟩ (истовремено [ɯ] и уснен стисок) или со ⟨ɯᵝ⟩ ([ɯ] изменето со уснен стисок). Друга можност е употреба на дијакритичкит знак за широки усни ⟨ ͍⟩ со буква на заоблена самогласка ⟨u͍⟩ како ад хок симбол.
Особености
- Според висината, самогласката е затворена (висока), што значи дека јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е задна, што значи дека јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е стисната, што значи дека рабовите на усните се затегнати и споени на начин што не ги исложува нивните внатрешни страни.
Јазици
Remove ads
Поврзано
- Затворена заоблена самогласка од среден ред
- Затворена предна заоблена самогласка
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads