Затворена предна незаоблена самогласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Затворената предна незаоблена самогласка (висока предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во многу јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи гласот со симболот ⟨i⟩.
Во македонскиот јазик, оваа самогласка е претставена со буквата и. Јазиците што ја користат латиницата најчесто ја претставуваат со ⟨i⟩, но има и некои поважни исклучоци: англискиот оваа буква почесто се доведува во врска со /aɪ/ (bite) или /ɪ/ (bit), а /iː/ се бележи со ⟨e⟩, ⟨ea⟩, ⟨ee⟩, па дури и ⟨ei⟩. Ирскиот е сличен случај, по тоа што правописот е етимолошки, но воедно самогласките укажуваат дали согласките што им претходат се меки или тврди. Така, комбинациите ⟨aí⟩, ⟨ei⟩ и ⟨aío⟩ го претставуваат гласот /iː/.
Remove ads
Особености
- Според висината, самогласката е затворена (висока), што значи дека јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Remove ads
Јазици
Remove ads
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads