Александар Кошка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Кошка (влашки: Alexandru Coshca; 1873 , Гопеш - 22 мај 1907 , помеѓу Сливница и Курбиново) — македонски револуционер и романски офицер[1], учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација
Remove ads
Животопис
Кошка е роден во битолското село Гопеш во 1873 година. Во Битола завршил романска гимназија, а потоа студирал медицина во Букурешт. Тој бил ден од најактивните влашки членови на ВМОРО. Во 1902 година се вратил во Македонија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1903 година бил во четата на Парашкев Цветков. Учествувал во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието ги организирал влашки села во Битолско и Пинд. Загинал со уште четворица свои четници во 1907 година [2][3]. Васил Балевски за него рекол:
„ | Власите беа во нашата организација, комитетите им беа согласни централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек[4] | “ |
- Втората влашка чета на Мучитанов. Одлево надесно. Легнати: војвода Георги Мучитанов од Крушево, војвода Александар Кошка од Гопеш. Клекнати: Лецу Нане од Крушево, во костим Таки Леаб, Таки Динча од Крушево. Исправени: Георги Гаки Доди од Гопеш, Коле Поп Стефанов од Маловиште, Милан Сливица од Маловиште, Ванчо Дамаш од Гопеш
- Четите на Александар Кошка (легнатиот десно) и Штерјо Апостолина
- Војводата Кошка, загинат во судирите со аскерите, снимен од браќата Манаки
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads