Александар Лековски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Лековски-Лекај (Ниш, 11 декември 1933 - Скопје, 27 февруари 2013 ) — македонски композитор на класична музика и диригент.[1]
Животопис
Лековски е роден на 11 декември 1933 година во Ниш, Србија. Дипломирал на Одделот за диригирање на Музичката академија во Белград, во класата на Живоин Здравковиќ, каде што ги завршил и постдипломските студии. Специјализација со студиски престој завршил во Рим и во Милано. Покрај неговата матична професија, диригирањето, тој бил многу успешен и во компонирањето. Лековски бил директор на Операта и балетот при тогашниот Македонски народен театар, бил директор на Македонската филхармонија, бил прв диригент во Операта и балетот во Белград, потоа главен диригент на Хорот на Македонската радио-телевизија, а композиторската и диригентската фела го памети и како претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, на Здружението на диригентите на Македонија, на Сојузот на музичките уметници на Македонија, на Музичката младина на Македонија и сл. Лековски за својот уметнички придонес е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Панче Пешев“ од СОКОМ во 1994 година и државната награда „11 Октомври“. Починал на 80 годишна возраст во Скопје на 27 февруари 2013 година.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads