Награда „11 Октомври“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Награда „11 Октомври“
Remove ads

Државната награда „11 Октомври” е награда од високо ниво на Република Македонија која традиционално се доделува на Денот на востанието на Република Македонија (11 октомври). Со неа се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

Thumb
Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп

Наградата „11 октомври“ ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Конкурсот е отворен секоја година од 1 до 31 мај. Наградата првпат била доделена во 1959 година[1]

Remove ads

Доделување

Според законот за државните награди на Република Македонија:[2]

  • Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.
  • Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
  • На награден поединец му се доделува: диплома, плакета и паричен износ.
  • На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома, плакета и подеднаков дел од паричниот износ.
  • На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
  • Паричниот износ на државната награда „11 октомври” изнесува петнаесет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
  • Државната награда „11 октомври“ се доделува, по правило, секоја година.
  • Во една година може да се доделат најмногу до пет награди.
  • Иницијатива за доделување на државната награда „11 октомври” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Традиционално наградите се доделуваат во зградата на Македонското Собрание[3].

Remove ads

Добитници

Повеќе информации Година, Добитник ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads