Александар Сариевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Сариевски
Remove ads

Александар Сариевски (20 јуни 1922 19 декември 2002 ) — македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни.

Кратки факти Александар Сариевски, Животописни податоци ...
Thumb
Грамофонска плоча „Македонски песни“ на Сариевски.
Remove ads

Животопис

Сариевски е роден во Галичник, а средното образование го завршил во Скопје, кога и започнал да свири хармоника. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил песната „А бре невесто око калешо“. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“.

Сариевски починал на 19 декември 2002 година. Притоа, по повод смртта на Сариевски, телеграма со изрази на искрено сочувство до неговото семејство упатил и министерот за култура Благој Стефановски во која истакнал дека „со смртта на овој доајен замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото“, низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ“.[1][2]

Remove ads

Творештво

Сариевски е композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Во своите песни, тој ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“ со кој постојано патувал низ светот, ширејќи го оригиналниот македонски народен мелос.

Сариевски е најмногу запаметен по интерпретацијата на следниве песни:

Исто така, тој компонирал и поголем број песни, како:

  • Врати ни се мило чедо[3]
  • Зајди, зајди, јасно сонце[4]

Дискографија

  • Aleksandar Sarievski, PGP RTB, EP 12703.
  • Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads