Александар Стојчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Стојчев
Remove ads

Александар Стојчев (Пинтија, Скопје, 1971 Арачиново, Скопско, 23 јуни 2001 ) ― македонски бранител, полицаец во МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во Битката за Арачиново.[1] Официјално загинал при престрелка со албанските терористи, но постојат тези дека е убиен од граната на македонската армија, поради некоординираност помеѓу АРМ и МВР.[2]

Кратки факти Александар Стојчев, Прекар: ...
Remove ads

Животопис

Живот, војната 2001 и сведоштва

На 23 јуни 2001 година, со цел на терористичкото насилије и престрелка беше и Александар, ословуван по своите прекари Аце или Сашо. Трагичната вест брзо се пронесе а немилиот настан никогаш да не се повтори, но и да не се заборави. 30 годишниот полицаец го остави неговиот син сирак, а сопругата со многу болка и искушенија кои ја очекуваат во животот. Заедно со родителите кои ја проколнуваат судбината во незаборав и спомен Александар ќе го носат сите оние кои го познаваа и кои им помагаше.

Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево, била поставена спомен-плоча при спомен-фонтана.[3] Александар Стојчев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Remove ads

Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВР

За време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[5]

Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства.

На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци Александар Стојчев, Никола Пехчевски и Атанас Јанев, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads