Пинтија
населба во Општина Кисела Вода, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пинтија — населба во рамките на Општина Кисела Вода, односно е приградска населба на градот Скопје. Се наоѓа на 9 километри југоисточно од центарот на Скопје, помеѓу Драчево и Усје од десната страна на булеварот „Борис Трајковски“.


Населбата Пинтија е основана во поново време, односно кон крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, како населба во која живееле работниците од околните фабрики - гиганти. Во непосредната близина на Пинтија се фабриките „ОХИС“, Стакларница, Цементарница, а во поново време многу фирми и погони како на местото на пропаднатите фабрики така и новоизградени. Во населбата живеат околу 3.000 жители, исклучиво Македонци, доселени од Прилепско, Порече и други области во Македонија. Покрај работењето во околните фабрики и погони, дел од населението се занимава претежно со овоштарство и лозарство, а во многу мал обем е и градинарството, пред сè за домашни потреби.
На ридот над населбата постои црквата (манастирот) „Свети Пророк Еремија“.
Remove ads
Образование
- подрачно училиште на ООУ „Рајко Жизофов“, чие главно училиште е во Драчево
Самоуправа и политика
Избирачко место
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 1.648 жители, каде 63% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 10% Коалицијата “За Европска Иднина“ - СДСМ и 16% партијата Левица.[3]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads