Александар I Караѓорѓевиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар I Караѓорѓевиќ
Remove ads

Александар I Караѓорѓевиќ (српски: Александар I Карађорђевић) (17 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора19 октомври 1934 во Марсеј, Франција), познат како Александар Караѓорѓевиќ, Крал Александар и Александар Обединителот бил крал на Кралството СХС од 1921 до 1929 година, а од 1929 до 9 октомври 1934 година, крал на Кралство Југославија.[1][2][3]

Кратки факти Александар IAleksandar I Karađorđević, Крал на Југославија ...
Remove ads

Младост

Александар Караѓорѓевиќ е роден на 16 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора како четврто дете (втор син) на Петар I Караѓорѓевиќ (син на кнезот Александар кој триесет години претходно бил приморан да абдицира и да ја предаде власта во Србија на династијата Обреновиќ) и кнегињата Зорка од Црна Гора (најстарата ќерка на тогашниот црногорски кнез Никола Петровиќ-Његош).

Александар имал две години кога неговата мајка, кнегињата Зорка починала во 1890 од компликации за време на пораѓањето со неговиот брат Андрија, кој исто така починал по 23 дена.

Thumb
Александар I (десно) се ракува со грчкиот крал Александар (лево) на Македонскиот фронт, 5 мај 1918
Thumb
Александар Караѓорѓевиќ како регент

Александар го поминал своето детство во Црна Гора; сепак, во 1894 година неговиот татко вдовец ги зел трите деца, меѓу кои и Александар, во Женева, каде што тој го завршил основното образование. Заедно со својот постар брат Ѓорѓе, продолжил со школувањето во царскиот корпус во Санкт Петербург, Руската Империја. Во 1903 година, додека младиот Ѓорѓе и Александар сè уште се образувале, нивниот татко Петар, заедно со група заговорници, успеале да организираат државен удар во Кралството Србија, познат како Мајски преврат, во кој кралот Александар I Обреновиќ и кралицата Драга биле убиени. Така, династијата на Караѓорѓевиќ го презела српскиот престол по четириесет и пет години, а 58-годишниот татко на Александар станал крал Петар I, поради што Ѓорѓе и Александар се вратиле во Србија за да продолжат со нивните студии.

Remove ads

Атентат

Филм за атентатот

Убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.

Атентатот на кралот е еден од ретките атентати снимен на филм и е една од поважните снимки во историјата на филмот. Пукањето се случило точно пред објективот на снимателот којшто не успеал да го сними самото убиство, туку последиците од него и успеал да ги сними неколкуте минути после тоа, така што од само неколку сантиметри оддалеченост е снимено и мртвото тело на кралот.

Remove ads

Предци

Поврзано

Повеќе информации Владејачки титули ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads