Алекс Циле

швајцарски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Алекс Циле
Remove ads

Алекс Циле (германски: Alex Zülle; р. 5 јули 1968 ) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедизам. Во текот на 1990-тите години бил еден од најдобрите велосипедисти во светот, освојувајќи две изданија на Вуелта а Еспања во 1996 и во 1997 година, потоа второ место на Тур де Франс 1995 и на Тур де Франс 1999. Бил светски хронометарски првак во Лугано во 1996 година.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Животопис

Рана кариера

Циле е роден е израснат во Вил, кантон Санкт Гален, син на Швајцарец, Валтер Циле и Вилхелмине, од Холандија. Како дете сакал да скија, но на 18 години се повредил при несреќа. Започнал со велосипедизам во Холандија за рехабилитациски цели, пред да се откаже поради преветровитото време.[1]

Неговиот татко, купувајќи велосипедска опрема, го натерал да му даде уште една шанса на велосипедизмот, кога се вратил во Швајцарија. По неколку години како успешен аматер, Циле станал професионалец во 1991 година. Му пришол на поранешниот спортски директор на швајцарската репрезентација, Хелветија, Пол Кехли, но Кехли наместо тоа потпишал со Лорен Дифо.[1]

Потоа, Циле му пришол на Маноло Зајц, но бил повторно одбиен, од причина што тој не потпишал со возачи кои носеле обетки. На крајот, Зајц попуштил и Циле возел за ONCE како стажант на Волта а Каталуња. Напаѓал често и завршил на третото место. Зајц целосно попуштил и Циле го потпишал првиот професионален договор во септември 1991.[2] Останал со ONCE до 1997 година.[3] Повеќето од неговите возачи биле Шпанци. Циле зборувал само швајцарски-германски кога се приклучил, но на крајот на Вуелта а Еспања им одговорал на новинарите на шпански.[4]

Афера „Фестина“

Во 1998 година, Циле се приклучиле на Фестина. Екипата била исфрлена од Тур де Франс 1998 по обвинувањата за допинг, кои подоцна станале познати како афера „Фестина“. Пет возачи на Фестина вклучувајќи го Циле признале дека земале EPO.[5] Циле изјавил дека земал за да ги задоволи неговите спонзори. Исто така, изјавил дека бил лишен од неговите очила во текот на полициското интервју.[6] На 28 ноември 1998, хематокритот на Циле бил 52,3%, 2,3% над границата.

19992004

Неговата кариера се совпаднала со онаа на Мигел Индураин, петкратен победник на Тур де Франс. Циле бил втор на Тур во 1999 година. Исто така победил на Вуелта и на Тур де Франс, како и етапи на Џиро д’Италија.

Циле се повлекол во 2004 година и одржал забава за неговите обожаватели во Вил во октомври истата година.[7]

Remove ads

Достигнувања

1992
1. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
1. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Ескалада а Монжуик
1993
Париз-Ница
1. Етапа 1
1. Етапа 8
Вуелта а Еспања
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 21
2. Краен пласман
Хур-Ароза
Јозеф Фегели Меморијал
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1994
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1995
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
1. Етапа 5(b)
1. Краен пласман Вуелта а Валенсија
1. Етапа 2(b)
Челинг Мајорка
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 9
2. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
1. Етапа 5(b)
2. Краен пласман Еускал Бициклета
1. Етапа 4(b)
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Бодовен пласман
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
1996
Светско хронометарско првенство
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 15
1. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
1. Етапа 3
1. Етапа 5(b)
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
1. Етапа 6
ГП Мигел Индураин
Еускал Бициклета
1. Етапа 4(b)
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Пролог
1997
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 21
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 5(b)
2. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
2. Милано-Торино
3. Флеш Валон
1998
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4(b)
Џиро д’Италија
1. Пролог
1. Етапа 6
1. Етапа 15
3. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 21 Вуелта а Еспања
1999
А траверс Лозана
1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Тур де Франс
2000
Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Вуелта а Еспања
2001
1. Етапа а Париз-Ница
2002
1. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
Remove ads

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Повеќе информации Тур де Франс, Џиро д’Италија ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads