Волта а Каталуња

From Wikipedia, the free encyclopedia

Волта а Каталуња
Remove ads

Волта а Каталуња или Трка околу Каталонија — популарна друмска велосипедска трка, која се одржува секоја година во Каталонија, Шпанија. Дел е од програмата на Светската турнеја, рангирана како втора по популарноста зад Вуелта а Еспања во Шпанија. Поради нејзиното место во календарот (по Џиро д’Италија), долго била гледана како важна трка за подготовки за велосипедистите пред Тур де Франс. По воведувањето на ProTour, трката била преместена во мај, правејќи ја алтернатива за Џиро. Ова не се покажало како успешна примена и во сезоната 2010, организаторите на трката ја префрлиле на крајот на март,[1] датум, кога порано го држела друга каталонска етапна трка, Сетмана Каталана. Првото издание било одржано во јануари и траело три дена.[2]

Кратки факти Датум, Регион ...

Вкупниот победник ја добива белата маичка со зелени риги. Таа е една од 28. трки, кои го сочинуваат календарот на Светската турнеја. Исто така постојат и три други пласман. Победникот на бодовниот пласман (спринт) ја носи белата маичка, црвената е за победникот на планинскиот пласман и маичката на националниот велосипедски тим на Каталонија е за најдобро пласираниот Каталонец. Исто така, постои и екипен пласман.

Волта а Каталуња е третата најстара велосипедска етапна трка во светот (првпат се возела во 1911), веднаш зад Тур де Франс (1903) и Џиро д’Италија (1909). Само аматерската и трката за возачи под 23 години Волта а Тарагона (1908) е постара отколку Волта а Каталуња во Каталонија и на Пиринејскиот Полуостров.

Remove ads

Минати победници

Повеќе информации Година, Земја ...

Повеќекратни победници

Повеќе информации Победи, Возач ...
  • Возачите со закосени букви се сè уште активни.

Победи по земја

Повеќе информации Победи, Земја ...
Remove ads

Белешки

  1. Алберто Контадор (Саксо Банк-Сангард) победил на трката во 2011, но подоцна бил дисквалификуван.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads