Алер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алерmap
Remove ads

Алер (германски: Aller) — река во сојузните покраини Саксонија-Анхалт и Долна Саксонија, Германија, која има должина од 260 километри. Реката претставува југоисточна и десна притока на реката Везер.

Кратки факти Место, Должина ...
Remove ads

Потекло на името

Името на реката првпат било забележано во 781 година како „Алера“ (Alera), во 803 година како „Елера“ (Elera), а во 1096 година како Алара (Alara). Неговото значење има две можности:

  1. Скратен облик на „Елераха“, каде „Елер“ на старогорногерманско (*olisa) или прасловенски (olsa) означува евла, што е стар збор често користен за означување на реките. Името на дрвото на долногермански преминало како „Елер“ (Eller), што е многу близу до зборот „Алер“. Поради тоа, Алер може да означува како „вода на евла“, што веројатно било дека бреговите на реката биле покриени со евли, кои вообичаено сакаат влажни места.
  2. Во системот на Ханс Крае на стара европската хидрономија, старото име за Алер, „Алара“ (Alara), е пример на група на речни имиња со коренот „ал-“, што е вообичаено низ Европа и според него доаѓа од индоевропскиот корен „ел-/ол-“, што означува „тек“. Слична поврзаност може да биде за реките како Алстер.
Remove ads

Притоки

Реки

Најважни притоки на Алер од неговата лева јужна страна се од планинскиот масив Харц, како што е Окер близу Миден (Алер), Фузе во Целе и Лајне близу Швармштет. Ако Лајне се смета за извор на Алер, тогаш вкупната должина на реката изнесува 346 километри.

Од десната страна, кон Алер се влеваат помали реки претежно од Линебуршкото Поле. Вредни за споменување се Клајне Алер близу Вајхаузен, Изе во Гифхорн, Лахте источно од Целе (близу Лахтехаузен), Ерце близу Винзен (Алер), Мајсе близу Ходенхаген и Беме близу Ретем.

Потоци на Горен Алер

Горен Алер има бројни потоци помеѓу неговиот извор и Миден:

  • Риоле
  • Шелеке
  • Шпеце
  • Роте Риде
  • Лапау
  • Катариненбах
  • Дремлингсгребен
  • Випералер
  • Штекграбен и Хелингер Бах
  • Хаселбах
  • Кронриде
  • Бефербах
  • Шпрингриде
  • Триангел
  • Барнбрухграбен
  • Гозебах
  • Фулау
  • Кнезебах
  • Емербах
  • Кикенбрухрене
  • Момербах
  • Килхорстер Грабен
  • Бруно
  • Фишерграбен
  • Флоте
  • Зауербах
  • Бебербах
  • Платендорфер Морграбен

Потоци на каналот Алер

Каналот Алер тече паралелно со Горен Алер помеѓу Волфсбург и Гифхорн. Каналот бил изграден во средината на XIX век за да го намали ризикот од поплави. Кон него се влеваат следниве потоци:

  • Миленриде
  • Клајн Брунсродер Риде
  • Хеленриде
  • Ришмиленриде
  • Ретгесбителер Риде
  • Фиморграбен
  • Фолбителер Риде
  • Витесморграбен
  • Алерталграбен
  • Флетмаршер Абцуграген

Потоци на Долен Алер

Од лево, следниве мали реки и потоци се влеваат во Алер: Алпе и Велпе близу Ретем, Лерде близу Кирхлинтелн-Хоенаферберген, Гобах близу Ферден-Ајце и пред вливот во Везер, Халзе близу Ферден-Дауелзен.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads