Алстер (река)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алстер (река)map
Remove ads

Алстер — десна притока на реката Елба во Северна Германија. Нејзиниот извор е близу Хенштет-Улцбург, Шлезвиг-Холштајн, тече прилично јужно и се влева во Елба во Хамбург. Во центарот на Хамбург, Алстер е заградена. Алстер создава две вештачки езера во самиот центар на Хамбург.

53°32′40″N 9°59′0″E
Кратки факти Земја, Подрачје ...
Thumb
Биненалстер
Remove ads

Тек

Изворот на реката Алстер е мал базен во блатото Тимхаген Брок близу Хенштет-Улцбург, приближно 25 километри северно од Хамбург. Таа е 56 километри долга и има косина од 31 метар на 4 метри надморска височина. Сливот е околу 587 км².[1]

Хамбург—вториот најголем град во Германија—е главната знаменитост на реката. Со направените брани на реката, вештачките езера Аусеналстер (надворешен Алстер) и помалото Биненалстер (внатрешен Алстер) и околните паркови, служат како зона за одмор и спортување во срцето на градот.

Remove ads

Историја

Хамбург бил основан на устието на реката Алстер во 9-от век и бил користен како пристанише. Водата била користена за поплавување на шанците околу тврдините.[1] Алстер била заградена од 1190, првично употребувана за сила во воденица. Во 1235, понатамошна брана била изградена за втора воденица, која го изменила обликот на реката да личи како езеро.

Во 15-от и XVI век, каналот Алстер бил изграден за да го поврзе Хамбург со Либек. Кабалот бил околу 8 километри долг и изграден од Алстер до реката Бесте, притока на реката Траве, кај Зилфелд. Поради потешкотиите во одржувањето вода, особено близу мочуришните области, водниот пат долг 91 километар од Хамбург до Либек бил пловен само од 1529 до 1550.[2]

Градот Хамбург се ширел долж бреговите на реката Алстер и биле направени неколку брани за да ја направат реката пловна. До XIX век, водниот сообраќај со сплавови, кои биле користен до градот Кајхуде. Сплавовите—транспортираат градежен материјал, гориво и храна—биле влечени или туркани.[1]

Remove ads

Економија

Alster Touristik GmbH (ATG), подружница на Хамбургер Хохбан, обезбедува јавен и туристички превоз на Алстер во градот Хамбург.

Притоки

Thumb
Карта на Алстер и каналите во Хамбург
Леви

Рене, Алте Алстер, Зилбек, Амерсбек, Дроселбек, Бреденбек, Роденбек, Лобек, Зазелбек, Остербек и Вандзе (Ајлбек)

Десни

Миленау (или Миленбах), Дикбек, Мелингбек, Зузебек, Тарпенбек и Изебек

Влијание

Сливот на Алстер е важен модел за дизајнот на сливот на реката Чарлс, изграден во раниот 20 век.[3]

Реката го инспирирала композиторот роден во Хамбург Оскар Фетрас, да го компонира популарниот валцер „Mondnacht auf der Alster“ (Месечева ноќ на Алстер) http://www.youtube.com/watch?v=GwAOga6oLb0

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads