Амброзија (растение)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Амброзија (растение)
Remove ads

Амброзија, поточно: пелинолисна амброзија (науч. Ambrosia artemisiifolia) — вид инвазивни плевели, едно од најпознатите и најопасните алергени растенија во светот.

Кратки факти Амброзија, Научна класификација ...
Remove ads

Изглед

Thumb
Листови на амброзија

Амброзијата е едногодишно растение со височина од 20 cm до 2 m. Коренот ѝ е вретенест, стеблото исправено, разгрането, листовите имаат јајцевиден облик, посеани со влакненца, силно разгранети, со кратки всекувања.

Пресекот на стеблото е коцкест или тркалезен.

Машките цветови се бледожолти, цевчести, собрани во полутопчести, висечки, густи цветови во облик на класје, a женските се формираат во пазувите на горните цветови, под машките, во вид на поединечни цветови.

Плодот на амброзијата претставува семе со кое таа се размножува, а семето се шири со посредство на човекот и ветерот.

Remove ads

Штетност

Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.

Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.

Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.

Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.

Remove ads

Историја

Амброзијата не е европско растение. Донесена е од Америка на некој од прекоокеанските бродови кон крајот на 19. век и од тогаш полека и незадржливо се шири низ Европа. Во моментот ја има повеќе во Европа, отколку во Америка. Зрното на поленот ја задржува ртливоста и до 40 години.

Растителност

Амброзијата првенствено расте на неуредено и запуштено земјиште. Никнува од средината на април, а цвета во доцно лето и есен, од средината на јули до првите есенски мразеви. Најефикасен начин за уништување е корнењето од корен, но и негувањето ниски растенија влијае на запирањето на нејзиното распространување. Во случај на поголеми површини под амброзија, се применува и редовно косење до 5 cm над земјата, а само понекогаш и третман со тотални хербициди.[1] Ако не се коси ниско, израснува повторно во рок од 20 дена. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads