Американци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Американци
Remove ads

Американците (англиски: Americans), помалку познати како Соединетодржавци (англиски: United Statesian)[18] ― граѓаните кои живеат во Соединетите Држави (познати и како Америка). Сите жители на Соединетите Држави немаат исто етничко и национално наследство, тие се мешавина од народи кои имаат прифатено единствен национален (државен) идентитет. Денешните Американци (освен американските староседелци - Индијанци) почнале да го населуваат регионот на САД пред околу 500 години. Американците претежно зборуваат англиски јазик. Американската култура е направена според традициите во Англија, Африка, Ирска, Велс, Германија, Шпанија, Мексико, Холандија и Шкотска.

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...

Американците според расата се делат на бели Американци и Афроамериканци. Белите Американци се мнозинството. Има 308.000.000 бели Американци во САД или 72.4% од вкупното население според пописот во 2010 година и 38.093.725 Афроамериканци или 12.4%. Останатото население се од две или повеќе раси или американски староседелци.

Американците како нивни службени јазици ги користат американскиот и афроамериканскиот англиски јазик кои се дијалекти на англискиот јазик.

Remove ads

Американците како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Млади Американци“ (англиски: Young Americans) — песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1975 година.[19]
  • „Американец без солзи“ (англиски: American Without Tears) — песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1986 година.[20]
  • „Луда Американка“ (англиски: Crazy American) — песна на американската рок-музичарка Сид Стро (Syd Straw) од 1989 година.[21]
  • „Американецот“ (англиски: The American) — песна на британската рок-група Simple Minds од 1981 година.[22]

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Американците не се љубоморни зашто повеќе го ценат своето време и здравјето отколку своите жени.[23] Во романотСликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд забележува дека повеќето Американки се многу убави и дека убаво се облекуваат. За Американците вели дека имаат цела збирка со евтин хумор, дека се бескрајно интересни луѓе, дека се совршено разумни и дека не прават глупости.[24] Според Френсис Скот Фицџералд, Американците би прифатиле да бидат и слуги, но секогаш тврдоглаво одбиваат да бидат селани.[25] Во расказот „Мачка со исклучителна убавина“, руската писателка Људмила Улицка зборува за „прославената американска бездуховност и тапост“.[26].

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads