Црква на Англија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква на Англија
Remove ads

Црквата на Англија или Англиканска црква (англиски: Church of England) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.

Кратки факти Црква на Англија Church of England, Врховен управник ...
Thumb
Кантербериската катедрала - седиште на Архиепископот Кентербериски.

Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.[3]

Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads