Андора

From Wikipedia, the free encyclopedia

Андора
Remove ads

Андора (каталонски: Andorra), службено: Кнежевство Андора (Principat d'Andorra) — парламентарно кнежевство во југозападна Европа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 км2, Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Веља.

Кратки факти Кнежевство Андора Principat d'Andorra (каталонски), Службен јазик ...
Remove ads

Потекло на поимот

Историја

Thumb
Црквата Св. Јован (XI век)

Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за првпат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).

20 век

Во 1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 март 2001 година, овој пат под името Либерална партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). Денес, либералите имаат 15 од вкупно 28 пратенички места во парламентот на Андора.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Карта на Андора

Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроза (2.946 м), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија. Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 мм. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.

Население, јазик и религија

Повеќе информации Верници во Андора ...

Андора има 70.549 жители (јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км2. Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Веља со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население е по културата и јазикот од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански доселеници, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на број на доселеници на годишно ниво). Службен јазик е каталонскиот, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7%, француски. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.

Remove ads

Политика

Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Ургел во Шпанија и Претседателот на Франција како ковојвода. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Преку референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република. Војводата на Андора, согласно со уставот има ингеренции да го регулира изборот на судии во земјата како и надворешната политика. Од 1993 година, Андора е член на Организацијата на Обединетите Нации.

Ковојводата, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сѐ уште се задолжени за одбраната на Андора. Во декември 1993 година се одржани првите парламентарни избори во независна Андора.

Remove ads

Административна поделба

Thumb
Карта на жупите во Андора

Андора е поделена на 7 жупи (или парохии). Тие се:

Бр.*ЖупаПовршина
км2
Население
199020002007
1 Каниљу1211.2902.7065.422
2 Анкам747.11910.59514.029
3 Урдину891.2892.2833.685
4 Ла Масана[3]653.8686.2769.357
5Андора ла Веља*1219.02221.18924.574
6 Сан Жулија да Лорија606.0127.6239.595
7 Аскалдес-Ангурдањ4712.23515.29916.475
  Андора46850.83565.97183.137

* Главен град на Андора

Remove ads

Стопанство

Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехранбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.

Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 јануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора. Во 1997 година 78% од вработените имале дејност во јавните услуги, 21% во индустријата и 1% во земјоделството. Андора нема ниту железница ниту пак аеродром, но затоа поседува доста развиена патна мрежа.

Remove ads

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads