1278

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1278 (MCCLXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1278 година од новата ера, 278. од вториот милениум, 78. од XIII век и деветта од 1270-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6786 и 6787 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6028 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5038 и 5039 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2031.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1278 година се протега во 3914 и 3915, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3974 и 3975 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1821. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 676 и 677 исламска година.

Remove ads

Настани

Thumb
Битката на Моравско Поле
  • Јануари - Карло I Анжујски е крунисан за Крал на Ерусалим, и е признаен од бароните на Ако[1].
  • 1 мај - Умира Вилијам II Вилерден, Ахајско Кнежевство. Според условите на договорот од Витербо, неговите земји минуваат под директна контрола на Карло I Анжујски.
  • 5 август - Кралот Алфонсо X Кастилски започнува со Опсадата на Алхесирас (во тоа време под контрола на Мароко). Тој ќе биде принуден да ја повлече опсадата по околу една година подоцна.
  • 26 август - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.
  • 29 септември - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[2].
  • Независноста, границите и политичката структура на Андора се договорени од каталонскиот епископ на Ургел и грофот на Фоа.
  • Завршува т.н. Војна на кравата.
  • Едикт на Папата Никола III според кој се бара од сите Евреи да присуствуваат на проповеди за прифаќање на христијанството.
  • Направена е најраната позната пишана копија од „Авеста“, колекција на древни свети персиски зороастриски текстови.
Remove ads

Родени

  • 10 ноември - Филип I Тарентски (п. 1332)
  • Константин I Ерменски (п. 1310)
  • Рита Ерменска, византиска царица (п. 1333)
  • Фердинанд Мајоркшки (п. 1316)
  • Томас, Втор ерл од Ланкастер (п. 1322)

Починале

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads