Андриј Шевченко

украински фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Андриј Шевченко
Remove ads

Андриј Миколајович Шевченко (укр. Андрій Миколайович Шевченко; 29 септември 1976 , Двиркившчина, Киевска област) — украински фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач. Во 2004 година, бил прогласен за најдобар фудбалер во светот добивајќи ја престижната Златна топка. Во својата кариера играл за екипите на Динамо Киев, Милан и Челси, како и за украинската репрезентација.

Кратки факти Андриј Шевченко, Лични податоци ...

Познат бил како фудбалер со неверојатен инстинкт за постигнување голови; тој бил најдобар стрелец во украинското првенство (1998-1999), Серија А (1999-2000 и 2003-2004) и Лигата на шампионите (1998-1999 и 2005-2006). Исто така, тој освојувал трофеи со сите екипи за кои настапувал, а меѓу најголемите успеси му се освојувањето на украинското првенство со Динамо Киев, Скудетото во Серија А (2003-2004) и Лигата на шампионите (2002-2003) со Милан и англиските купови со Челси (2006-2007). На репрезентативен план, под водство на тренерот Олег Блохин, успеал со Украина да стигне до четвртфиналето на Светското првенство 2006, каде загубиле од подоцнежниот првак Италија. Тој и во моментов е водечки стрелец на Украина со 48 постигнати гола.

На 28 јули 2012, се повлекол од активното играње фудбал. Последениот натпревар во кариерата го одиграл против Англија на Европското првенство 2012, на кое Украина настапила како домаќин.

По завршувањето на играчката кариера, тој започнал тренерска работа. Откако најпрво му бил асистент на Михајло Фоменко во репрезентацијата на Украина, потоа самиот тој бил назначен за селектор на репрезентацијата наследувајќи го токму Фоменко во 2016 година. Тој бил селектор на Украина се до 2021 година, напуштајќи ја функцијата по Европското првенство 2020. Во сезоната 2021-2022, тој кратко ја водел и екипата на Џенова во Серија А.

Remove ads

Клупска кариера

Динамо Киев

На 10-годишна возраст, Шевченко се пријавил во младинската школа на Динамо Киев, но првично бил одбиен поради тоа што не ги задоволил вкусовите на тогашниот младински координатор. Но, неговиот талент подоцна бил забележан од страна на еден нивни скаут, по што Андриј бил повторно повикан во клубот. Четири години подоцна, тој се промовирал како најнадежен фудбалер од таа генерација на Динамо. Во сезоната 1992/93 бил најдобриот стрелец за вториот тим на Динамо, со 12 постигнати голови.

Дебито за сениорскиот тим на Динамо Киев го дочекал на 28 октомври 1994 г. на мечот против Шахтјор Донецк. Во таа и во следната 1995/96 сезона го освоил украинското фудбалско првенство, а во вториот шампионски поход придонел со 6 гола на 20 натпревари. Еден од мечевите за паметење бил неговиот настап против ФК Барселона во рамките на Лигата на шампионите. Тогаш го остварил својот прв хет-трик во ова натпреварување, а истата 1997/98 сезона повторно го понел пехарот од украинското првенство.

За време на првиот негов престој во Динамо од Киев, вкупно пет пати бил шампион на Украина, а во сезоната 1998/99 бил и најефикасен голгетер во првенството со 18 дадени голови. Сето тоа било доволна препорака за италијанскиот гигант ФК Милан да се заинтересира за негов евентуален ангажман.

Милан

Во 1999 г. Шевченко преминал во Милан, за тогаш рекордни 25 милиони евра на име оштета. Првиот натпревар го одиграл на 28 август таа година против екипата на ФК Лече. Во неговата прва сезона во Милано ја освоил титулата во Серија А, а притоа прецизно стрелал 24 пати на 34 натпревари. Во Лигата на шампионите запишал 9 гола во 14 натпревари.

Thumb
Шевченко играјќи за екипата на Милан во 2004

Најголемиот успех со Милан му бил подигањето на големиот пехар од Лигата на Шампионите во сезоната 2002/03. Финалниот натпревар бил против најголемиот нивни соперник, тимот на Јувентус. Регуларниот дел завршил без голови, а голови немало ни по двете продолженија од по 15 минути. Токму Андриј Шевченко го постигнал победничкиот гол при изведувањето пенали, и со тоа станал првиот Украинец чиј тим триумфирал во големото натпреварување. По повод овој успех, Шевченко го оставил својот златен медал покрај гробот на големиот украински фудбалски стручњак Валериј Лобановскиј. Лобановскиј му бил тренер за време на неговиот престој во Киев.

Во сезоната 2003-2004 по вторпат го понел признанието најдобар голгетер во Серија А, со постигнати 24 голови на 32 натпревари. Таа година Милан го освоиле скудетото првпат по цели 5 сезони, а исто така, победиле и во Суперкупот на УЕФА против Порто со 1-0, а тој го постигнал победоносниот погодок. Во август 2004 г. трипати ја тресел мрежата на Лацио во натпреварот од Суперкупот на Италија. На крајот од годината, станал само третиот украинец по Олег Блохин и Игор Беланов, кој ја освоил Златната топка.

Следната сезона претрпел мала повреда на јаболчната коска, која за кратко го оддалечила од фудбалските терени. Таа година постигнал 17 голови, а на натпреварот против Фенербахче од Лигата на Шампионите четири пати се запишал во списокот на стрелците. Истата 2004/05 сезона од големото натпреварување, Шевченко бил трагичарот во поразот на Милан од Ливерпул. Тој го промашил клучниот пенал, откако натпреварот завршил 3-3 по првите 90 минути. Неговиот тим имал предност од 3-0 по првото полувреме, но Ливерпул на чудесен начин направил пресврт и стигнал до златниот пехар.

Во 2005-2006 со Милан стигнал до полуфиналето, каде испаднале од подоцнежниот шампион Барселона. Во таа рунда, на Шевченко му бил поништен израмнувачкиот гол при истекот на натпреварот, што било една многу контроверзна одлука на судиите. И покрај поништениот погодок, сепак на крајот бил најдобар голгетер со 9 голови на 12 натпревари. На 8 февруари 2006 г. на натпреварот против Тревизо, станал вториот најдобар стрелец во историјата на Милан, веднаш зад Гунар Нордал. Таа година во Серија А завршил како четврти најдобар стрелец со 19 голови во 28 натпревари. Тоа воедно била и последната негова сезона во дресот на Милан, во чии редови за седум години забележал 175 голови на 296 натпревари, или по 0,6 голови по просек на секој меч.[2]

Челси

Thumb
Шевченко на натпревар против Манчестер Јунајтед (2007)

Интересот на Челси за Андриј Шевченко датирал уште од летото 2005. Тогаш нивниот сопственик Роман Абрамович понудил 75 милиони евра плус Ернан Креспо, но управата на Милан категорично го одбила.[3] И покрај тоа, Креспо завршил во Милано на позајмица. Желбата на Питер Кенион, тогашниот извршен директор во Челси, била да има расен голгетер од класата на Шевченко во неговиот тим.

На 28 мај 2006 г. заминал во лондонскиот клуб за оштета во висина од 30,8 милиони фунти. Со тоа ја надминал трансфер исплатата од 24,4 милиони фунти за Мишел Есиен од претходната сезона. Со тоа станал и најскапиот тогашен фудбалер на Островото, а ја избрал стандардната „седмица“ за број во неговиот нов клуб.

За Челси дебитирал на 13 август, во поразот од Ливерпул во Комјунити Шилд со 2-1. Неговиот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 23 август против Мидлсбро, каде Челси повторно загубиле со 2-1. Во таа сезона ретко постигнувал голови, а единствено против Порто и Валенсија стрелал на вистинското место во Лигата на шампионите. Имал само 14 дадени голови во 51 натпревар во сезоната која била негово огнено крштевање на Стемфорд Бриџ. Единствена светла точка во таа сезона било тоа што станал втор најдобар стрелец во европските купови на сите времиња, зад легендарниот германски напаѓач, Герд Милер.[4]

На почетокот од фудбалската 2007/08 бил подложен на хируршки зафат на килата, поради што пропуштил неколку значајни натпревари за неговиот тим. Не настапил во полуфиналната рудна од Лигата на шампионите против Ливерпул, ниту на финалето од ФА Купот против Манчестер Јунајтед на „новиот“ Вембли. Од поважните натпревари, единствено добро одиграл против Арсенал, каде тој и неговите соиграчи славеле во финалето од Лига купот, а Шевченко го постигнал голот за водство од 3-1.

Дидје Дрогба доживеал полесна повреда на почетокот на сезоната 2007-2008, па така Шевченко добил поголема шанса да дојде до израз. Првиот гол во таа сезона го постигнал во натпреаврот против Розенборг од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој натпревар бил последниот за Жозе Мурињо на клупата на Челси. Менаџерската палка ја преземал Аврам Грант, кој постојано го преместувал Андриј од почетниот состав на клупата за резерви и обратно. За време на Божиќните празници, Шевченко играл во добра форма, бидејќи во период од нецели две седмици постигнал 4 првенствени гола (на натпреварите против Сандерленд, двапати стрелал против Астон Вила и еднаш против Болтон). Севкупно, таа сезона на 17 лигашки натпревари дал само 5 голови, премалку за амбициите на англиските „сини“. Вредно е да се спомене дека во дресот на Челси настапил на пријателски натпревар против неговиот поранешен клуб Милан.

Враќање во Милан

Thumb
Шевченко пред натпревар од Купот на УЕФА против Портсмут

Шевченко не добивал голема минутажа за време на неговиот престој во Челси, а по доаѓањето на Луис Фелипе Сколари за тренер неговото име во почетните 11 било вистинска реткост. Тој бил незадоволен од третманот, па потпретседателот на Милан, Адријано Галијани му понудил можност за враќање на Сан Сиро на позајмица до крајот на сезоната, која се реализирала на 23 август 2008.[5]

Вториот престој на Сан Сиро бил окарактеризиран како негов професионален неуспех, бидејќи постигнал само два гола на 26 натпревари, од кои само на 9 се нашол во почетната постава. Од ФК Милан истакнале дека нема целосно да го откупат договорот на Шевченко, по што на крајот од сезоната 2008/2009 се вратил на Стемфорд Бриџ, заедно со дотогашниот негов тренер од ФК Милан, Карло Анчелоти.[6][7]

Следната, 2009/2010 сезона, Анчелоти ги известил медиумите дека Андриј си заминува од тимот поради тоа што тој не можел да му гарантира постојано место во почетниот состав. Последниот негов меч за ФК Челси бил оној од второто коло на Премиер лигата, кога влегол од клупата за резерви при крајот на средбата. Пред завршувањето на летниот преоден рок, Шевченко потпишал за украинскиот Динамо Киев.

Враќање во Динамо Киев

Thumb
Шевченко играјќи во дресот на Динамо Киев во 2009

На 29 август 2009, Андриј Шевченко потпишал две-годишен договор со ФК Динамо Киев.[8][9] Неговото враќање во татковината било помпезно најавено од медиумите, а за број на неговиот дрес ја одбрал вообичаената седумка. За време на првата сезона по враќањето, одиграл неколку солидни средби во Лигата на Шампионите. Постигнал гол на натпреварот против ФК Интер од групната фаза, што бил негов 15-ти гол против овој тим. Тогаш бил прогласен и за најдобар играч за месец октомври во украинското првенство.

Во трите сезони кои ги минал на Олимпискиот стадион во Киев, не успеал ниту еднаш да стане фудбалски шампион на Украина. Динамо Киев завршувал на второто место на табелата, секогаш зад тимот на Шахтјор Донецк. Неговиот личен биланс од сите одиграни натпревари по враќањето бил 30 постигнати голови и едно загубено финале во Украинскиот Куп (2011). На 28 јули објавил дека се повлекува од фудбалот, но дека е можно во иднина да се врати како тренер.[10]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Thumb
Шевченко со капитенската лента на репрезентацијата на Украина во 2009

За фудбалската репрезентација на Украина, Шевченко настапил на 111 натпревари, на кои забил 48 голови. Првиот погодок го постигнал во мај 1996 г. во пријателската средба против Турција. Со националниот состав изборил учество на две големи натпреварувања, и тоа на Светското првенство во фудбал 2006 и како домаќини на Еуро 2012.

Во времето кога Валериј Лобановскиј бил селектор на Украина, амбиција на тимот била учество на Светско првенство во фудбал 2002. Во тој квалификациски циклус Шева постигнал 10 голови, но екипата на Украина загубила во плеј-офот од тимот на Германија (која подоцна стигнала до финалето). Не успеале ниту да се пласираат на Европско првенство во фудбал 2008, бидејќи неговата репрезентација го освоила четвртото место во квалификациската група. За време на таа кампања, Андриј пет пати ја тресел противничката мрежа.

Најголем дострел во репрезентативната кариера му било избореното четвртфинале на Светското првенство во Германија (2006), каде постигнал два гола, еден на средбата против Саудиска Арабија (славеле со 4-0) како и победничкиот гол против репрезентацијата на Тунис (70’ минута од пенал).

На Европското првенство 2012, Андриј со своите два гола го направил пресвртот против тимот на Шведска со 2-1 од првото коло во групата Д.[11][12] Вториот натпревар на првенството го одиграл во целост, но неговата репрезентација загубила од Франција со 0-2. Во третиот меч влегол од клупата за резервни играчи, меч во кој Украина повторно загубила, овој пат од фудбалската репрезентација на Англија со 0-1. Со тоа не успеала да ја помине групната фаза на тоа европрвенство. По тој турнир, Шевченко објавил дека се повлекува од активното играње фудбал.[13] Од репрезентацијата си заминал со импресивни бројки, а интересно е тоа што тој истовремено е и најмладиот и најстариот фудбалер кој постигнал погодок во историјата на репрезентацијата.[14]

Во ноември 2012, Шевченко ја одбил понудата од Украинската фудбалска федерација да стане национален селектор.[15]

Remove ads

Приватен живот

Шевченко е оженет со американската манекенка Кристен Пазик. Со неа се запознал на една забава организирана од Џорџо Армани во 2002 г. а се венчале на 14 јули во Вашингтон. Меѓусебе зборуваат на италијански, иако Андриј јавно признал дека имал намера да научи англиски. По враќањето на Шевченко во Киев, целото негово семејство се преселило во тој град, бидејќи желба на родителите била нивните деца да израснат во Украина.

Брачниот пар има две деца: Јордан (роден на 29 октомври 2004) и Кристијан (роден на 10 ноември 2006).[16] Италијанскиот премиер и сопственик на ФК Милан, Силвио Берлускони е кум на Јордан. Еден ден по раѓањето на првиот син, Шева постигнал гол на натпреварот против ФК Сампдорија (Милан победиле 1-0) и истиот му го посветил на новородениот син. Ден по раѓањето на вториот син Кристијан, Андриј стрелал прецизно во мрежата на ФК Ватфорд (Челзи победиле 4-0), а со соиграчите голот го прославил во стилот „нишкајќи го бебето“.

Инаку, Шевченко е близок пријател со модниот творец Џорџо Армани, а заеднички имаат отворено два бутика во Киев. Со неговата сопруга ја имаат отворено мрежното место Ikkon.com, наменета за машката модна линија и нивниот животен стил. Во јуни 2005 г. тој станал амбасадор на детското село С.О.С. а освен таа добротворна дејност, има основано и неколку фондации за помош на децата без родители.

Статистика

Клубови

Повеќе информации Клуб, Сезона ...

Репрезентација

Повеќе информации Репрезентација, Година ...

Вкупно

Повеќе информации Професионална кариера, Екипа ...
Remove ads

Освоени титули

Thumb
Поштенска марка со ликот на Андриј Шевченко
(Светско првенство 2006)

Украина Динамо Киев

  • Украинска Прва Лига (5): 1995, 1996, 1997, 1998, 1999
  • Куп на Украина (3): 1996, 1998, 1999
  • Суперкуп на Украина: 2011

Италија Милан

Англија Челси

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads