Антон Мирчев - Пешкоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Антон Мирчев - Пешовски (Тресонче; 1890 - Москва, 1942 ) — македонски комунист, учесник во Октомвриската револуција.

Животопис

Антон (Доне) Мирчев (Мирчин) - Пешкоски е роден во Тресонче, во маалото Пешковци и бил брат на учителот Крсте Мирчески. Во 1906 година, заминал во Царство Русија. Станал член на Македонската колонија во Петроград и бил потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македонски голос“ (1914). Од 1914 година, тој учествувал во повеќе напредни групи во Русија. Во 1916 година, во една полициска провала, тој бил затворен и протеран во Сибир. Потоа се вратил во Петроград и во 1917 година, тој станал член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. По избувнувањето на Октомвриската револуција зема учество во неа и учествува во нападот на Зимскиот дворец. За време на револуцијата, тој бил член на петроградскиот револуционерен комитет и соработувал со Владимир Илич Ленин и Кристијан Раковски.[се бара извор] Назначен е за еден од раководителите на монополот за шпиритус и член на контролната петорка за снабдувањето и исхраната на градот.

Кога во јануари 1918 година, во Петроград била основана групата на балкански комунисти, тој, заедно со Михаил Антонов, Владимир Каваев и Елена Каваева, тој зел активно учество во нејзината работа.[1] Во 1918 година, тој станал член на Руската комунистичка партија (болшевици). Потоа се вклучил во Првиот интернационален баталјон на Црвената армија за борба против контрареволуционерите и интервенционистите.

Доне станал и функционер во Комунистичката интернационала, како и министер во владата на Украина, составена по Октомвриската револуција од 1918 година.[се бара извор]

Во 1920 година, како комунистички емисар, ја посетил Југославија и Бугарија.[2] По враќањето во Русија, завршува инженерство. Тој бил испратен во Сибир каде работел на обновата и изградбата на Магнитогорск.[3]

Постојат две верзии за неговата смрт во 1942 година. Според првата, Доне Мирчев починал во болница во Москва, болен од туберкулоза.[4] Според втората, тој загадочно исчезнал една ноќ во 1942 година, во Москва, кога германските војски биле пред портите на советскиот главен град.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads