Анѓелко Ѓорчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анѓелко Ѓорчев
Remove ads

Анѓелко Ѓорчев (19 септември 1948 - 7 април 2021 ) — македонски лекар, интернист-пулмоалерголог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што го раководел Центарот за астма. Бил татко на пратеникот Влатко Ѓорчев.

Кратки факти Роден, Починал ...

Тој бил роден во Трстеник, Светиниколско. Медицинскиот факултет го завршил во 1972 година во Скопје. Истражувал во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 извадоци и трудови во земјата и во странство. Член е на повеќе медицински здруженија и стручни академии.

Ѓорчев починал на Клиниката во Ниш, на 4 април 2021 година, откако десет дена претходно примил вакцина против КОВИД-19 во истиот град, и од неа му се слошило.[1]

Remove ads

Трудови

Ѓорчев објавил три книги:[2]:

  • Астхма бронцхиале – енигма и предизвик“, Скопје, 1991;
  • Македонски национален план и програма за дијагноза и терапија на бронхијалната астма – реалност или визија“, Скопје, 1996;
  • Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична опструктивна белодробна болест“, Кочани, 1999

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads