Апотема
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Апотема на правилен многуаголник – отсечка од центарот до средната точка на една од неговите страни. Еквивалентно, тоа е линијата нацртана од центарот на многуаголникот што е нормална на една од нејзините страни. Зборот „апотема“, исто така, може да се однесува на должината на тој сегмент. Правилните многуаголници се единствените многуаголници кои имаат апотеми.[1] Поради ова, сите апотеми во многуаголник ќе бидат конгруентни.


— апотема;
— полупречник на впишаната кружница во основата.
За правилна пирамида, пирамида чија основа е правилен многуаголник, апотемата е висина на бочната страна, што е, најкраткото растојание од врвот до базата на дадената страна. За потсечена правилна пирамида (правилна пирамида со потсечен дел од својот врв со рамнина паралелна со основата), апотема е висината на трапезоидната бочна страна.
За рамностран триаголник, апотемата е еквивалентна на отсечката од средната точка на една страна до некој од центрите на триаголникот, бидејќи центрите на рамностраните триаголници се совпаѓаат како последица на дефиницијата.
Remove ads
Својства на апотемите
Апотемата а може да се користи при пресметка на кој било правилен n-стран многуаголник со должина на страната s согласно следната формула, која наведува дека површината е еднаква на апотемата помножена со половина периметар бидејќи ns = p.
Оваа формула може да се изведе со поделба на n-страниот многуаголник на n конгруентни рамнокраки триаголници, а потоа воочувајќи дека апотемата е висина на секоја триаголник и површината на триаголникот е еднаква на половина основа помножена со висината.
Апотема на правилен многуаголник секогаш ќе биде полупречник на впишан круг. Таа исто така е минималното растојание меѓу која било страна од многуаголникот и неговиот центар.
Ова својство може исто така да се користи за лесно да се изведе формула за површина на круг, бидејќи како што бројот на страни се доближува кон бесконечност, површината на правилен многуаголник се доближува до површината на впишан круг со полупречник r = a.
Remove ads
Наоѓање на апотемата
Апотемата на правилен многуаголник може да се најде на повеќе начини.
Апотемата a на правилен n-стран многуаголник со должина на страната s, или полупречник на опишаниот круг R, може да се најде користејќи ја следната формула
Апотемата може исто така да се најде со
Овие формули може да се користат дури и ако се знаат само периметарот p и бројот на страните n, бидејќи
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads