Арапли (Драмско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Арапли (Драмско)map
Remove ads

Арапли (грчки: Βαθυχώρι, Ватихори)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Арапли Βαθυχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 15 километри источно од градот Драма и на 9 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 148 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 332 жители Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 481 жител[4]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ватихори[5].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 114 грчки семејства со 489 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 577 лица, додека во 1940 година селото броело 609 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 627 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 570 жители, во 1971 година имало 281 жител, во 1981 година имало 269 жители, додека во 1991 година имало 239 жители[7]. Денеска, населението на селото е 208 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads