Аргулица
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аргулица — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, а нејзиниот атар се издига на северните огранки на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 325 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри.[2]
Историја
Во XIX век, Аргулица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 611 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,7 хектари, додека на шумите отпаѓаат само 9,9 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има земјоделска задруга, фабрички погон и продавници.[2]
И денес, во селото работи млин и фабриката „Фруктана“.
- Млин Аргулица
- Фабрика „Фруктана“
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 225 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 120 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци, 100 Македонци и 25 до 50 Власи.[5]
Селото е средно по големина, со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 774 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 426 жители, од кои 407 биле Македонци, 15 Турци и 7 жители Власи.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Аргулица живееле 315 жители, од кои 303 Македонци, 2 Власи и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 178 жители, од кои 97 Македонци, 8 Турци и 73 лица без податоци.[7]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Аргулица:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Аргулица, се наоѓале и селата Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било седиште на некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2325 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на амбулантата.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 215 гласачи.[9]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.[10]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[11]
- Селски Гробишта — могила од римско време; и
- Тупан Куле — могила од римско време.
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква;
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — црква во изградба во близина на Аргуличкиот манастир „Вознесение Христово; и
- Црква „Св. Петка“ — помала селска црква, манастирска црква на истоимениот манастир.
- Параклиси
- Параклис „Дванаесет Апостоли“ — параклис во рамките на Аргуличкиот манастир „Вознесение Христово; и
- Параклис „Покров на Пресвета Богородица“ — параклис во селото.
- Манастири
- Аргулички манастир „Вознесение Христово“ — манастир каде се наоѓа параклисот „Дванаесет Апостоли“;
- Аргулички манастир „Св. Јован Крстител и Св. Атанасиј“ — манастир во близина на селото (во изградба); и
- Аргулички манастир „Св. Петка“ — манастир на патот кон селото Бурилчево.
- Свети води
- Света вода „Св. Јован и Св. Харалампиј“ — света вода во близина на Аргуличкиот манастир „Вознесение Христово; и
- Света вода „Св. Ѓорѓи“ — света вода на влезот во селото.
- Аргулички манастир „Вознесение Христово“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
- Света вода „Св. Ѓорѓи“
Remove ads
Галерија
- Лулашки во селото
- Улица во селото
- Поглед на селото
- Споменик на НОБ
- Задружен дом
- Штрково гнездо
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads