Аргус (џин)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аргус (џин)
Remove ads

Аргус или Аргос Паноптис (старогрчки Άργος, Άργος Πανόπτης, Аргус Стоокиот) е џин со сто очи од старогрчката митологија.

Thumb
Цртеж од 5 век п.н.е. на кој е прикажано како Хермес го убива џинот Аргус. Забележете ги очите со кои е прекриено целото негово тело. Ија во облик на крава стои во позадина.
Thumb
„Меркур и Аргус“, слика на Јакоб Јорданс, околу 1620 година. Музеј на уметности во Лион.
Thumb
„Меркур и Аргус“, Веласкес, 1659 година (Музеј Прадо)
Thumb
Меркур ѝ дава на Јунона очи од Аргус од Хендрик Голциус (1615 година), Музеј Бојманс
Remove ads

Митологија

Аргус, чувар на нимфата Ија и син на Арестор,[1] бил првиот џин чиј епитет, „Паноптес“, „оној што гледа сè“, довел до тоа да биде опишан како суштество со многу, а често и со сто очи. Епитетот Паноптес му бил придодаден на Титанот на Сонцето, Хелиос, а исто така и на Зевс, Зевс Паноптес.

Епитетот Паноптес е опишан во делови од изгубената поема Егимиј, која му се пришишува на Хесоид:[2]

И поставил надгледувач за неа, големиот и силен Аргус, кој со своите четири очи гледа во секој правец. И божицата се восхити од неговата неуморна сила: сонот никогаш не доаѓаше на неговите очи, и тој постојано набљудуваше.

Во 5 век и подоцна, способноста на Аргус да остане буден била објаснувана на тој начин што бил прикажуван како да има многу очи, од кои само неколку спијат во одредено време, а секогаш има очи кои се будни.

Аргус бил слуга на Хера. Неговото служење на Олимписките богови било во тоа што го убил чудовиштето во форма на змија Ехидна додека таа спиела во нејзината пештера.[3] Задачата што Хера му ја дала на Аргус била да ја чува белата крава Ија (која му била љубовница на Зевс),[4] заврзана за свето маслиново дрво во Хераион Аргос.[5] Таа го обврзала Аргус да ја врзе кравата на маслиново дрво во Немеја. Хера знаела дека Ија била една од нимфите со кои Зевс општел со цел да создаде нов поредок. За да ја ослободи Ија, Зевс наредил Аргус да биде убиен од Хермес. Гласникот на Олимписките богови, преоблечен како овчар, најпрво со помош на чинки направил сите очи на Аргус да заспијат, а потоа го убил со камен, што претставува првата дамка на крвопролевање меѓу новата генерација божества.[6]

По жртвувањето на Аргус, Ија слободно скитала по земјата, но сепак, таа била мачена од божјата мува, испратена од Хера.

Според Овидиј, во спомен на Аргус, Хера ги зачувала неговите сто очи засекогаш во опашката на паунот.[4][7][8]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads