Олимписки богови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Олимписките богови или дванаесетте олимписки богови, познати и како Додекатеон (грчки: Δωδεκάθεον < δώδεκα, додека, „дванаесет“ + θεοί, тео, „богови“), во старогрчката митологија, се главните богови на грчкиот пантеон, живеејќи на врвот на планината Олимп. Првиот антички навод за религиозни свечености приредени во нивна чест е најден во Хомеровата химна за Хермес. Класичната шема на Дванаесетте олимписки богови (Прописните дванаесеттемина на уметноста и поезијата) е составена од следните богови: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атена, Аполон, Артемида и Хестија. Соодветната римска шема е составена од следниве богови: Јупитер, Јунона, Нептун, Церера, Марс, Меркур, Вулкан, Венера, Минерва, Аполон, Дијана и Веста.[1]

Во антиката, сепак, имало, доста расправи околу тоа кој сè се вбројува меѓу олимписките богови.[2] Околу 400 години пр.н.е. Херодот во неговиот Додекатеон ги вклучил следниве божества: Зевс, Посејдон, Хера, Атена, Хермес, Аполон, Алфеј, Крон, Реја и Грациите.[3] Виламовиц се согласува со Херодоровата верзија на дванаесетката.[4]
Херодот го вбројува Херакле како еден од дванаесетката.[5] Лукијан ги вклучува Херакле и Асклепиј во дванаесетката, без при тоа да објасни кои два бога ги исфрла. На Кос, Херакле и Дионис се додадени на дванаесетката, а Арес и Хефајст се изоставени.[6] Како и да е, Пиндар, Аполодор[7] и Херодор не се согласуваат со ова. За нив Херакле не е еден од дванаесетте олимписки богови, туку оној кој го востановил нивниот култ[3].
Remove ads
- Белешки
- а ^ Според наизменична верзија на нејзиното раѓање, Афродита е родена како ќерка на Уран — откако Крон ги фрлил кастрирани гениталиите на Уран во морето. Ова ја поддржува етимологијата на нејзиното име, „родена во морската пена“. Како таква, Афродита би припаѓала на горното поколение, или на некое еднакво на неа, односно на Зевс и неговите браќа и сестри. Погледни - Афродита.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads