Аристотелов корморан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аристотелов корморан
Remove ads

Аристотеловиот корморан (Phalacrocorax aristotelis) е вид на корморан. Се размножува на карпестите брегови на западна и јужна Европа, југозападна Азија и северна Африка, а најчесто презимува во рамките на териториите каде се размножува, освен најсеверните популации од оваа птица.

Thumb
Типично живеалиште на овој корморан.
Кратки факти Аристотелов корморан, Научна класификација ...

Ова е средноголема црна птица, долга 68–78 cm и со распон на крилјата од 95–110 cm. Има долга опашка и жолта дамка на грлото. Возрасните поседуваат мала качулка во сезоната на размножување. Се разликува од големиот корморан по тоа што е помал, полесен, има потенок клун и (кај возрасните единки во период на размножување) по качулката и металик-зелениот одблесок на пердувите. Младите единки поседуваат потемен стомак. Опашката има 12 пердуви, а таа на големиот корморан 14.

Се храни од морето, и, за разлика од големиот корморан, ретко се наоѓа повнатре на копното. Ќе презими на секој брег каде има доволни количества риба.

Аристотеловиот корморан е еден од кормораните кои најдлабоко нуркаат (до 45 метри). Тие се исхрануваат со бентосни организми, односно го наоѓаат пленот на морското дно. Јадат многу видови на риби, но нивен најчест плен е песочната јагула. Би пропатувале многу километри од местото на живеење во потрага по храна.

Thumb
Phalacrocorax aristotelis
Remove ads

Подвидови

Постојат три подвидови:

  • Phalacrocorax aristotelis aristotelis - северозападна Европа (бреговите на Атлантски Океан)
  • Phalacrocorax aristotelis desmarestii - јужна Европа, југозападна Азија (бреговите на Средоземно Море и Црно Море)
  • Phalacrocorax aristotelis riggenbachi - бреговите на северозападна Африка.

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads