Армен Купчу

гркомански андарт From Wikipedia, the free encyclopedia

Армен Купчу
Remove ads

Армен Купчу (грчки: Άρμεν Κούπτσιος, Армен Купциос или Κούπτσος, Купцос) — андарт, член на Елиномакедонскиот комитет и учесник во т.н. Борба за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Купчу е роден 1885 година во гагауско семејство, во драмското село Волак, тогаш во Османлиското Царство, (денес Волакас, Грција).

На 18 години под влијание на капетан Даис кој бил тогаш учител во Просечен, Купчу се приклучил на грчката вооружена пропаганда и зел учество во Борбата за Македонија и борбите против четите на Македонската револуционерна организација.

Во 1906 година членот на Македонската револуционерна организација, Плацев од село Скрижово заминал за Драма, а Елиномакедонскиот комитет им наредил на Купчу, Нако Војадзис (или Христос Војадзис) од Просечен и Петрос Мандзас од Палеохори да го убијат.

Тие му поставиле заседа на Плацев кај Чобанка крај Турско село (денес Милопотамос) и го убиваат. Меѓутоа истрелите биле слушнати од страна на турскиот гарнизон во Османица (Калос Агрос).

Бојадзис и Мандзас успеале да се извлечат бегајќи кон Чаталџа и Алистрати, но Купчу бил заробен. И покрај сите молби на грчкиот драмски митрополит Хрисостомос и на грчкиот конзулат во Солун, тој бил изведен пред воен суд и осуден на смрт.

По пресудата бил пренесен во Драма, каде што Елиномакедонскиот комитет направил неуспешен обид да го извлече од затворот.

На 14 септември во Драма, Купчу бил обесен. Во 1967 година грчките власти во центарот на Драма му подигнале споменик, а по неговото име е именувана и една улица во центарот на градот [1][2].

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads