Волак

село во Драмско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Волакmap
Remove ads

Волак (грчки: Βώλακας, Волакас) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[2]

Кратки факти Волак Βώλακας, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 36 км северно од градот Драма и на 25 км југоисточно од Зрново во превој на планината Боздаг. На 10 км од селото се наоѓа скијачкиот центар Фалакро“ („Боздаг“). Неговиот атар се граничи со оној на Боболец на југ, Руждене и Зрново на запад, Ливадишта и Черешово на северозапад и Горна Лакавица и Сидерово на север.[3]

Историја

Според месните преданија селото првично било разбиено на маала по планината Боздаг, секое од по 10-15 куќи сместени крај извори. Остатоци од тие маала според спомените на мештаните имало во месностите Крмилата, Заврша, Света Богородица и Вараде. Подоцна жителите се собрале на местото на сегашното откако еден селанец таму случајно нашол извор барајќи си го изгубениот вол.[4]

Во Отоманското Царство

Thumb
Носија од Волак. Драмски етнолошки музеј.

Во XIX век Волак било големо и чисто македонско село во Драмската каза. Во 1876 г. в селото работело грчко училиште.[5]

Во 1885 г. Волак имал 750 жители, а според податоци од 1886 г. сите биле под Бугарската егзархија.[5] Ова го потврдуваат бугарски извори, според кои до 1880 г. во Волак немало прогрчки жители. Гркоманството настапило по 1890 г. со устоличувањето на митрополитот Хрисостом во Драма.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Волак, на СИ од Плевна 5 часа. Пат нерамен и стрмен. Ова село е отаде Боздаг и би требало да ѝ припаѓа на Неврокопската каза. Изградена е на висорамнина, заобиколено отсекаде со планини. Тука планината е шумовите и богата со секакви дрвја кои го овозможуваат главното занимање на селаните. Повеќето се јагленари, дрводелци; граѓа разнесуваат по целата околија, до Драма. Малкуте ниви што ги имаат се по ниските падини на планината. Пред две години изградиле ново училиште кое и досега е без учител. Во црквата „Св. Илија“ се служи мешано [на грчки и словенски]. Бројот на куќи изнесува 180, чисти Македонци.[6][7]

На крајот од XIX век Васил К’нчов напишал дека селото има 160-170 македонски куќи.[8][9] Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Волак се состоел од 1.130 Македонци христијани.[8][10]

По Илинденското востание, на почетокот од 1904 г. целото (освен неколку куќи) прешло под врховенството на Бугарската егзархија — во Волак и Кобалишта останале вкупно околу 25 патријаршистички куќи.[11] Во селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Волак имал 1.280 Македонци, од кои 960 под Егзархијата и 320 под Патријаршијата. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 67 ученици.[12]

Според извештајот на грчкиот училиштен инспектор Димитриос Сарос, околу 1906 г. селото имало 970 жители, од кои 625 егзархисти, 331 патријаршисти и 14 Турци. Според грчкиот вицеконзул во Кавала Николаос Маврудис, селото имало 108 Турци. Во селото правеле напори и бугарската и грчката пропаганда. Според него, црковната борба меѓу егзархисти и патријаршисти од 1896 г. натаму зела доста жртви. Властите на двете странки им дозволиле наизменична употреба на црквата, а училишната зграда била поделена на половина. Селото го посетил митрополитот Хрисостом Драмски, кој се обидел да ги врати егзархистите под Патриаршијата.[5]

Во грчкото училиште во Волак по 1902 г. предавале гркоманите од Просечен Нако и Димитaр Бојаџиеви, од кои второспоменатиот бил организатор на грчкиот комитет во селото до 1905 г. По 1905 година предавале Димитриос Франѕис од Лезбос и жена му Евангелија Франѕи, подоцна отруена од Македонки.[13]

Според грчки податоци во учебната 1910–11 г. Волак имал 92 прогрчки куќи со 113 семејства сочинети од 556 жители. Имало четириодделенско училиште со детска градинка во кое учеле 25 машки и 30 женски деца, а наставата ја воделе 1 учител и 1 учителка. Во селото имало и 70 егзархиски семејства со вкупно 353 лица.[5]

Егзархиски свештеници во Волак биле: поп Георги од 1870 до 1904, обезглавен од Турци во неговата куќа), а син му останал инвалид по претепување; поп Марин, кој во 1913 г. е стрелан од грчки војници зошто дал пари за изградбата на бугарската црква во селото; поп Иван Величков Јанчев, кој во 1913 г. завршил богословско училиште во Скопје, но во 1919 г. се преселил во Бугарија, а во 1944 г. е назначен за архиејрејски намесник во Ивајловград. Последен бил поп Димитар Бошков, кој до 1916 г. служел во Волак на грчки, а потоа до 1918 г. на словенски и повторно на словенски од 1941 до 1944 г.[14]

Во Грција

Thumb
Волак со Боздаг.

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 894 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 806 лица.[2]

Според Никола Јанчев, до Првата светска војна населението зборувало грчки само во општината и полициската станица. Дури по 1936 г. во режимот на Јоанис Метаксас властите започнале засилена политика на погрчување. На децата им се забранувало да зборуваат македонски дома, дури и кога повозрасните не знаеле грчки. На празници било забрането да се пеат македонски песни. Утрината пред часовите се казнувале учениците што зборувале македонско. Во сабота и недела децата биле принудени да посетуваат часови по „патриотизам“.[3]

Во 1928 г. Волак е заведен со 913 жители, од кои само 3 грчки дојденци (1 семејство на учител).[2][2][15] Во 1940 г. селото имало 2.267 жители, од кои 1.614 мажи, што значи дека се вбројани војниците од полкот сместен во селото.[2]

След 9 септември 1944 година, при повлекувањето на бугарската војска Волак трпел редовни панади од разбојничката андартска чета на Андон Чауш. На 20 февруари 1945 г. селото е нападнато, убиени се 7 лица, а 40 куќи се запалени. 350 жители пребегале во Бугарија.[16]

За време на Граѓанската војна (1946-1949) во Волак се воделе битки помеѓу националистите и армијата на ЕЛАС, при што се изгорени 150 куќи.

На почетокот на XXI век Волак броел околу 400 куќи. Старата егзархиска црква „Св. Илија“ (1841) е затворена и во 1983 г. е изградена нова. Во околината на селото има повеќе од десет параклиси, меѓу кои „Св. Архангел“, „Св. Константин и Елена“, „Св. Ѓорѓи“ и други. Главно занимање на селаните е сточарството и работата во мермерните каменоломи.[17]

Населението произведува тутун, жито и компири.[2]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

a Вбројани се војниците од полкот сместен во селото.

Културни и природни знаменитости

Личности

Thumb
Thumb
Лево: Андон Јанакиев и Ангел Дончев
Десно: Хаџи Георги Попиванов
  • Андон Јанакиев — револуционер, деец на ВМОРО
  • Армен Купчу (1885 – 1905) — деец на грчката вооружена пропаганда
  • Георгиос Карагеоргиу Мавродис (Γεώργιος Καραγεώργου ή Μαυροδής) — гркомански андартски деец, четник[25]
  • Хаџи Георги Попиванов (1844 - 1905) — општественик, долгогодишен учител во Просечен
  • Константинос Сингос (Κωνσταντίνος Σίγγος) — гркомански андартски деец, четник[25]
  • Консулата — четник на ВМОРО, загинал со Гоце Делчев во Битката кај Баница на 4 мај 1903 г.
  • Стојан Николов Кичуков (1895 - ?) — комунист, иселеник во Петралик, Петричко, член на БКП од 1920 г., во 1925-1943 г. живеел во Асеновград, јатак во Втората светска војна, во 1943-1944 г. лежел во Пловдивскиот затвор[26]
  • Трифон Симидчиев (1906 – 1996) — духовник
  • Христос Ајдонис (p. 1963) — политичар во Грција
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads