Арундати Рој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сузана Арундати Рој (англиски: Suzanna Arundhati Roy; Шилонг, Индија, 24 ноември 1961) е индиска писателка и борец за човекови права. Нејзиниот најпознат роман е „Богот на малите нешта“, напишан во 1996 година, што ѝ донело светска слава.[2]
Remove ads
Биографија
Арундати Рој е индиска писателка родена во Шилонг на 24 ноември 1961 година. Студирала архитектура во Њу Делхи. Почнала да пишува во 1992 година. По четири години, го објавила својот прв роман Богот на малите нешта, кој веднаш го привлекол вниманието на јавноста и бил крунисан со Букеровата награда. Потоа објавила неколку новинарски дела и телевизиски и филмски сценарија. Таа целосно се посветила на активизмот и борбата за човекови права.[3] Во 2017 го објавила романот Министерство за врвна среќа.
На македонски јазик се преведени нејзините дела „Богот на малите нешта“ (првпат во 1999 година) и „Министерство за врвна среќа“ (2019).
Remove ads
Стил на пишување
Арундати Рој претставува разновидни ликови и ситуации кои се испреплетени во просторот и времето. Прикажува необични и интересни светови, реални и имагинарни. Тага и сериозност се гледаат низ редовите што ги напишала, но и хумор кој е префинет, ироничен, а понекогаш и саркастичен.[1][4]
Значење и влијание
Романот „Богот на малите нешта“ е мотив на краткиот расказ „Подвиткани книжевни опашки“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.[5]
Библиографија
Романи
- Богот на малите нешта - 1996 година
- Министерство за врвна среќа - 2017 година
Новинарството
- Алгебра на бесконечна правда
- Слушајќи ги скакулците
- Скршена република
Награди
Во 1997 година романот Бог на малите нешта е награден со Букеровата награда.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads