Букерова награда

британска книжевна награда From Wikipedia, the free encyclopedia

Букерова награда
Remove ads

Букерова награда (англиски: Booker Prize; 1969–2000 г. Booker Prize for Fiction; 2002–2019 г. Man Booker Prize) — книжевна награда што секоја година се доделува на најдобриот роман на англиски јазик во авторство на државјанин на Комонвелтот, Ирска или Зимбабве,[1] а почнувајќи од 2014 г., и било која друга земја во светот, доколку делото е напишано на англиски и објавено во Британија.[2] Наградата на добитникот му гарантира меѓународен углед и успех во кариерата, па затоа таа има големо значење во книгоиздаваштвото.[3] Авторите што ќе се најдат во потесниот, па дури и во поширокиот избор исто така добиваат на значаен углед.

Кратки факти Букерова награда Booker Prize, Опис ...
Remove ads

Историја и раководство

Букеровата награда првично се нарекувала „Букер-Меконелова награда“ (Booker-McConnell Prize), именувана по претпријатието „Букер Меконел“ кое ја основало наградата во 1968 г. под свое покровителство.[4] Кога, во 2002 г,, одговорноста за раководењето на наградата припаднала на Задолжбината „Букерова награда“ (Booker Prize Foundation), како покровител се јавила инвестиционата фирма „Ман груп“ (Man Group), која го задржала зборот Букер во името на наградата. Во 2019 г. Ман ја доделиле последната награда како покровител на наградите.[5] Покровителството прешло на добротворната задолжбина „Кренкстарт“ (Crankstart) на општественикот Мајкл Мориц и сопругата Хериет Хејман, во траење од пет години, со можност за уште пет. Името на наградата е официјално изменето на само „Букерова награда“ (The Booker Prize).[6]

Самата задолжбина е независна добротворна организација која работи со средства од сите приходи на Booker Prize Trading Ltd., како единствен акционер.[7] Денес паричниот дел од наградата изнесува 50.000 фунти, и со тоа е една од најбогатите книжевни награди во светот.

Remove ads

Жири

Изборот започнува со воспоставување на советодавна комисија составена од писател, двајца издавачи, агент, книжар, библиотекар и претседавач назначен од задолжбината. Тие ја избираат жири-комисијата, чии членови по правило се различни секоја година. Таа е составена од најистакнатите книжевни критичари, писатели, академици и водечки општественици.

Добитникот се прогласува на почетокот на октомври.

Remove ads

Лауреати

Во чест на 25-годишнината на наградата, одлучено е да се додели посебна награда „Букер на Букерите“ (Booker of Bookers). За најдобар од сите романи што ја добиле наградата е избран „Деца на полноќта“ од Салман Ружди (добитник во 1981 г).[8]

Во 2008 г. е доделена слична награда наречена „Најдоброто од Букер“ (The Best of the Booker) во чест на 40-годишнината на наградата. Во потесниот избор влегле шест дела, а добитникот го гласала јавноста. За најдобар роман повторно е прогласен „Деца на полноќта“.[9][10]

Повеќе информации Година, Автор ...
Remove ads

Поврзани награди

Во 2005 г. е воведена посебна „Меѓународна Букерова награда“ (Man Booker International Prize) која се доделува на писател од било која земја, на секои две години. Во 1992 г. е воспоставена руска верзија на наградата наречена „Руски Букер“ (Russian Booker, офиц: Booker-Open Russia Literary Prize) Во 2007 г., Man Group ја основале „Мановата азиска книжевна награда“ (Man Asian Literary Prize) за најдобар роман од Азија напишан или преведен на англиски јазик и издаден во претходната календарска година.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads