Стенско

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стенско
Remove ads

Стенско (грчки: Στενά, Стена; до 1926 година Στένσκο, Стенско[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2021).

Кратки факти Стенско Στενά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 25 км југозападно од градот Костур, на источното подножје на планината Гал’мбица по која оди границата со Албанија, на надморска височина од 970 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во османлиски дефтер од XV век во Стипенче по име се заведени 115 глави на семејствата.[4] Во даночните записници од средината на XV век Стенче е споменато со 22 глави на семејства и три вдовици: Татуш, Никола, Гон, Гон, Пал, Рајос, Гин, Лазор, Толе, Папа Герг, Минкул, Мартин, Гон, Андрија, Михо, Јанос, Нико, Герго, Никола, Рајко, Лубне, Димо, Стана, Мара и Дела. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.260 акчиња.[5]

Според легендите, селото не е многу старо. Било основано од жителите на селото Моноковач, кое се наоѓало 1 км подалеку од денешното село.[3]

Во 1791 г. дел од населението на Стенско заедно со жители од селата Слимница, Омотско и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија). Од Стенско потекнуваат брациговските родови Чулковци и Рашајковци.[6]

Во XIX век Стенско било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Стенско имало 126 жители, сите Македонци.[7][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стенско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 18 куќи.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стенско имало 144 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[8][10] Според грчки извори, во 1905 г. во Стенско имало 200 жители „Грци“.[11]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 7 македонски семејства.[8][12]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 145 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 130.[3]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Стенско имало 16 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Стена (Στενά).

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 65 деца од селото биле протерани како деца бегалци.[11]

Remove ads

Стопанство

Главно занимавање на населението било ѕидарството, а во помала мера било застапено и земјоделството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Омотско, Пилкати, Радигоже, Слимница и Тухол.

Личности

Родени во Стенско

  • Ѓорѓи Ганзовски (1924 - 1986) — македонски економист
  • Рашајко (1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.

Починати во Стенско

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads