Африм Гаши
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Африм Гаши (албански: Afrim Gashi; 9 ноември 1977 во Скопје) — македонски политичар, правник и моментален претседател на Македонското Собрание.
Remove ads
Животопис
Африм Гаши е роден на 9 ноември 1977 година во Скопје, тогаш во СР Македонија.Тој е етнички Албанец. Основно и средно образование завршува во родниот град. Во 2007 година дипломира на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Во 2021 година магистрира политички науки на Институтот за правни, социолошки и политички студии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Гаши е претседател на политичката партија Алтернатива од нејзиното основање во 2019 година до 2024 година. Тој е пратеник во Собранието од 2016 до 2020 година[2] и од 2020 до 2024 година.[3]
Гаши е избран за претседател на Македонското собрание на 28 мај 2024 од Коалиција "ВРЕДИ" предводена од Беса, Алтернатива и Демократско Движење.
На 23 јули 2025 година Гаши бил хоспитализиран откако бил примен со силни болки во стомакот во скопската болница по прегледот Гаши бил хоспитализиран на клиниката за дигестивна хирургија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му бил диагностициран преплет на цревата.[4][5][6]
Remove ads
Забелешка
- Привремено некомпетентен од 23 јули 2025 година.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads