9 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 9 ноември — 313-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (314-и во престапна година). Остануваат 52 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1494 | Семејството Медичи завладеало со Фиренца. |
| 1799 | Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт. |
| 1918 | Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт. |
| 1921 | Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект. |
| 1938 | Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите. |
| 1944 | НОВ: Ослободен е Велес. |
| 1971 | Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации. |
| 1985 | Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов. |
| 1989 | Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид. |
| 1993 | На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање. |
| 1993 | Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г. |
Родени:
| 1389 | Изабела Валоа — сопруга на Ричард II. |
| 1818 | Иван Тургенев — руски писател († 1883) |
| 1841 | Едвард VII — крал на Обединетото Кралство. |
| 1855 | Александрос Зајмис — грчки премиер. |
| 1885 | Велимир Хлебников — руски поет. |
| 1888 | Жан Моне — француски политичар. |
| 1902 | Митрофан Неделин — советски генерал. |
| 1914 | Хеди Ламар — австриско-американска глумица († 2000) |
| 1922 | Имре Лакатош — унгарски филозоф. |
| 1929 | Имре Кертес — унгарски писател. |
| 1932 | Јордан Костадинов — прв претседател на ОМО Илинден. |
| 1934 | Карл Саган — американски астроном († 1996) |
| 1936 | Михаил Таљ — советски шахист († 1992) |
| 1945 | Валериј Сердјуков — гувернер на Ленинградската област. |
| 1950 | Алдо Климан — книжевник, критичар, публицист и собирач на македонски и хрватски старини. |
| 1953 | Мерима Његомир — српска фолк-пејачка. |
| 1955 | Биља Крстиќ — српска пејачка. |
| 1960 | Андреас Бреме — германски фудбалер. |
| 1972 | Ерик Дејн — американски глумец. |
| 1974 | Алесандро дел Пјеро — италијански фудбалер. |
Починале:
| 959 | Константин VII Порфирогенит — византиски цар. |
| 1623 | Вилијам Кемден — англиски историчар. |
| 1778 | Џовани Батиста Пиранези — италијански уметник (графичар) |
| 1923 | Димитар Ацев — македонски комунист. |
| 1970 | Шарл де Гол — француски генерал и државник. |
| 1972 | Елисие Поповски — делегат на Првото заседание на АСНОМ. |
| 1918 | Гијом Аполинер — француско-италијански писател. |
| 1991 | Ив Монтан — француски глумец. |
| 1992 | Александар Дубчек — чехословачки политичар. |
| 1997 | Хеленио Херера — аргентински фудбалер и тренер. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads